Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Злото“ денес, партнер вчера – ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на Арбен Таравари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
taravarikongres2

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, со порака дека неговите позиции се недоследни и во спротивност со фактите.

„Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е ‘злото’, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата,“ се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од партијата потсетуваат на неколку клучни моменти:

Во февруари 2024, Таравари изјавил дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го гледале неговиот блок како посакуван партнер, а од Али Ахмети добивал „неодоливи понуди – прв албански премиер и претседателски кандидат“.

На 23 јуни 2024, Владата беше изгласана со партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозициска коалиција Вреди, што тогаш се толкуваше како победа над матрицата на криминализираната ДУИ.

— реклама —

Во мај 2025, Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата со образложение за „неисполнети ветувања“, но дел од неговата партија остана во Владата, што според ВМРО-ДПМНЕ покажува дека проблемот не е идеологија, туку нешто друго – можеби уцена.

Дополнително, партијата наведува економски показатели кои, како што велат, демантираат тези за „катастрофа“:

— реклама —

Индустриско производство +4,1% во јули 2025 во однос на истиот месец 2024,

Просечна бруто плата +8,5% во јуни 2025 на годишно ниво,

Реална плата +3,8% поради стабилизирана инфлација,

— реклама —

Инфлација од 3,7% во јули 2025, далеку од двоцифрените нивоа од времето на СДСМ и ДУИ.

„Овие факти покажуваат дека државата оди напред, а не назад. Нема катастрофа, туку стабилизација. Таравари не знае што зборува или знае, ама намерно ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата,“ завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 8 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања