„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Амди ќе прави спектакл по повод јубелејот, 40 години Европски Ромски бал, ВИП златни гости Заев, Шилегов и Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
amdi-bajram

Лидерот на Ромите, пратеникот Амди Бајрам се подготвува за вистински спектакл по повод јубелејот, 40 години Европски Ромски бал, кој ќе се одржи на 11-ти јануари во хотелот Александар Палас во Скопје, објави ФОКУС.МК.

— реклама —

Тој вели дека очекува гости од целиот свет, и посебно бил горд што настанот го дочекал својот јубилеј, кој ќе бил одбележан како што доликувало, во раскошен стил.

-Се уште се работи на организацијата, се мора да биде доведено до совршенство, бидејќи ова е значаен јубилеј, четири децении се во прашање. Европски Ромски бал е настан кој секоја година привлекува значајни гости од целиот свет. Ќе имаме богато ВИП Голд (златно) мени, со печени јагниња, разни италијански специјалитети, квалитетни алкохолни пијалоци од познати брендови… Ќе се одржи и избор на Мис Европска Ромка, следуваат многу награди и изненадувања – открива за ,,Фокус” Бајрам.

— реклама —

Минатата година на балот тој се појави облечен како султан Сулејман, и имаше интересна сценографија со многу блескави детали и статисти околу него. Околу тоа дали и годинава планира да направи некое слично изненадување, вели дека нема да ги открие деталите, со цел за време на настанот да им биде позабавно на гостите. Нема уште информација кој ќе биде кум на балот годинава. Во минатото тоа беше Сашо Мијалков, но пред две години Амди го раскина кумството.

-За добра забава на пристуните ќе бидат задолжени околу 20 познати музички ѕвезди. Како главен гостин е популарниот грчки пејач Зафирис Мелас, ни доаѓаат бендови од многу земји, има да се слави цела ноќ. Драган Којиќ – Кеба, Џамбо Агушев, Мухарем Сербезовски, Џеј Рамадановски, Џемаил Гаши, Сефер Османов, Мануел, Јулија Бикова, Ерџан Амети, оркестрите Фејсбук, Насер Струја, Титаник и Азис група се само дел од многуте музички гости. Кумот дополнително ќе го откриеме – вели лидерот на Сојузот на Ромите, кој традиционално е организатор на настанот.

Додава дека испратил покани до многу политичари, односно до политичкиот врв и до 15 амбасадори.

-Секоја година имаме ВИП гости од политиката. На јубилејот поканети се дури 15 амбасадори, премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, градоначалникот Петре Шилегов, повеќе министри… Се надевам дека ќе ми направат чест и ќе ми бидат гости на овој значаен настан за целата Ромска заедница. Ова е само кратка најава за она што допрва ќе следи. Се работи за голема организација, се средуваат сите поединости, Европскиот Ромски бал е традиција која има голема важност и на гостите ќе им понуди едно незаборавно доживување – ни изјави пратеникот.

извор: ФОКУС.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања