Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Американски проектил погоди товарен брод со основни намирници на пат кон Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl
фото: unsplash

Американски проектил погодил помал товарен брод што превезувал основни намирници од Оман кон Иран, јави иранската државна телевизија ИРИБ, повикувајќи се на локалните власти.

— реклама —

Според гувернерот на иранскиот град Сирик, Реза Шахидијан, пловилото пловело од оманскиот град Хасаб кон Сирик кога било погодено на околу пет наутички милји од брегот на Оман.

Товарниот брод, со носивост од 150 тони, превезувал петчлен екипаж. Сите членови на посадата биле спасени со помош на други бродови што се нашле во близина и биле пренесени во Оман. Фотографии објавени од иранските медиуми покажуваат дека пловилото е делумно потонато.

— реклама —

Инцидентот се случил за време на втората последователна ноќ на американски воздушни напади врз Иран. Пентагон претходно соопшти дека ударите биле насочени кон радарски, комуникациски и противвоздушни системи, вклучително и повеќе локации во близина на Ормускиот Теснец.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека нападите ќе продолжат доколку Техеран не прифати мировен договор.

Ова е нов инцидент во веќе тензичниот Омански Залив откако вчера американската војска го погоди танкерот „М/Т Сетебело“, кој превезувал иранска нафта. Во тој напад загинаа тројца индиски морнари, што официјално го потврдија и индиските власти.

Во меѓувреме, нов пожар во машинскиот оддел на друг танкер во близина на оманското пристаниште Сохар дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на поморскиот сообраќај во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 17 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања