Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Свет
media-library2ok69b4epfng3E052fo
Photo by Filip Andrejevic on Unsplash

Британската полиција уапси 41-годишен припадник на американската војска под сомнение дека ѝ помагал на руската разузнавачка служба. Апсењето се случило во близина на Глостер, во западниот дел на Англија, а осомничениот е задржан во полициска станица во Лондон.

— реклама —

Неговиот идентитет засега не е објавен. Тој е осомничен за кривични дела според членовите 1 и 3 од британскиот Закон за национална безбедност, кои се однесуваат на прибавување или откривање заштитени информации и помагање на странска разузнавачка служба. Полицијата потврди дека сомнежите се поврзани со Русија.

— реклама —

По апсењето реагираше директорот на ФБИ, Каш Пател, кој оцени дека станува збор за сериозен случај поврзан со сомнежи за шпионажа, важен за безбедноста на САД и нивните сојузници.

— реклама —

Се огласи и бригадниот генерал Шон Стиничон, командант на Контраразузнавачката команда на американската копнена војска. Тој порача дека наводното постапување на висок воен припадник со пристап до чувствителни информации е потсетник дека внатрешните безбедносни закани се реални и постојано присутни.

— реклама —

Британската полиција засега не открила какви информации можел да прибави или да открие осомничениот, ниту каква помош наводно ѝ давал на руската разузнавачка служба. Истрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Истрага во САД за 1,2 милиони возила на Ford: Воздушните перничиња предизвикале изгореници од трет степен

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 1 ден

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп по изборниот пораз на републиканците: Ќе се вратиме посилни од кога било

Свет | пред 2 дена

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Вашингтон бара излез од војната: го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Техеран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања