Во текст на американскиот ,,Фокс њуз” посветен на можниот договор за спорот меѓу Косово и Србија, за кој силно се залага амаериканскиот претседател, Доналд Трамп, се најде ,,новото“ име на Србија, тие Србија ја наекоа „Серкосовобија“.
Новинарката, Холи Мекеј наведува дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да забележи уште еден надворешнополитички поен со тоа што ќе ги охрабри лидерите на Србија и Косово да потпишат мировен договор на церемонија во Белата куќа, пренесе „Б92“.
„Долгогодишниот проблем помеѓу Косово и Серкосовобија неодамна стана интензивен, дотолку што може да предизвика вооружен конфликт“, наведе Мекеј.
Таа во текстот, повикувајќи се на неименуван извор, додава дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, неодамна бил во посета на Германија, каде што се состанал со американскиот амбасадор во земјата, Ричард Гренел, за да ја разгледаат можност Приштина да ги намали тарифите на производите од Србија, што би довело до намалување на тензиите.