АМСМ: Граничните премини затворени за тешки товарни возила, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
GP-Tabanovce

Поради организирани протести на превозници, од вчера напладне е затворен сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на повеќе гранични премини.

— реклама —

Надлежните информираат дека во моментов забраната се однесува исклучиво на тешките товарни возила, додека сообраќајот за останатите категории возила на сите гранични премини се одвива без прекини.

— реклама —

Состојбата на државните патишта е стабилна и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка и на превојот Ѓавато, но не се задржува на коловозот. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а од македонска страна на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година, како и апел за внимателно и прилагодено управување со возилата, особено на патиштата каде постои зголемен ризик од одрони. Исто така, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

darko-k

(Видео) Каевски дојде за да му судат: со лонгета, успеа да стигне на судење за спортските ваучери

Македонија | пред 1 година

asm-raicevic-sudenje-kaevski-mojsoski

Каевски оперирал тетива, па не дојде на судење: Обвинителката решена да одговара со другите за штета од 5 милиони евра

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања