АМСМ: Граничните премини затворени за тешки товарни возила, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Поради организирани протести на превозници, од вчера напладне е затворен сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на повеќе гранични премини.Надлежните информираат дека во моментов забраната се однесува исклучиво на тешките товарни возила, додека сообраќајот за останатите категории возила на сите гранични премини се одвива без прекини.Состојбата на државните патишта е стабилна и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка и на превојот Ѓават
Македонија | пред 5 месеци