Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ана Петровска на изложба на мурали во напуштена фабрика за бакар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
2-3

Зелен хуман град, Ана Петровска и Хајди Секвенц, советничката во Виена од Австриските Зелени, на изложба на мурали во Купрум – напуштена фабрика за бакар, кајшто купивме билет за зелена и хумана иднина.

— реклама —

Во сегашноста, објектите на историското еколошко жариште – фабриката за производство на бакар Купрум во населбата Хром пропаѓаат, бидејќи не се решени имотно-правните односи. Земјиштето и објектите се делумно во државна, делумно во привата сопственост, а еден дел влегуваат во стечајната маса на поранешната фабрика.

Овој простор како да ги повикува младите и уметниците да создаваат зелени иновации и уметност. Шетајќи покрај прекрасните мурали насликани на ѕидовите, Хајди Секвенц одушевено коментираше: „Овој простор има специфичен карактер, објектите не смее да се срушат и на нивно место да се градат станбени згради!“

— реклама —

Градот Скопје и општината Ѓорче Петров мора овој простор да го трансформираат во младински центар. Да се формираат зелени стартапи, занаетчиски работилници, помеѓу другото и за поправка на домашни апарати и мебел. На просторот може да се организираат изложби, концерти и други културни настани.

Напуштените индустриски објекти, стоваришта, културни домови, училишта, месни заедници, мора да се ревитализираат и пренаменат во јавни простори со многу зеленило и нови паркови. Само така Скопје ќе биде зелен и хуман град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања