„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Аналитичарите едногласни : Почитувајте ја волјата на народот и покојниот Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski-1

Политичките аналитичари кои изминатите години ги анализираат политичките процеси во Охрид на „Охрид 1“ се едногласни околу тоа за в.д. Градоначалник да биде избран Константин Георгиески, советникот од СДСМ кој покојниот Градоначалник го избра за свој заменик, а народот му даде доверба на избори со над 15 000 гласа за листата која тој ја предводеше.

— реклама —

Васе Врангалоска - СДСМ мора да покаже почит кон починатиот Градоначалник од нивните редови.

Политичките превирања, нереалните амбиции на поединци, влијанијата од бизнис лоби групи и раздорите внатре во партија на власт се логични и би рекла очекувани појави во политичкиот живот во еден ваков момент, кога настапува смрт на човекот кој ја имал власта во свои раце.

— реклама —

Цела историја ако ја погледнеме ќе најдеме безброј такви примери, на појава на такви апетити и претендирања за „тронот“.

Во случајот со процесите кои сега се одвиваат внатре во СДСМ, јас би нагласила дека иако очекувани се неповолни и од тие процеси губи најмногу партијата ( која во овој момент мора да покаже почит кон починатиот Градоначалник од нивните редови ) , а особено штета има градот Охрид. Во СДСМ мора да имаат предвид три работи и тоа :

1 Словото на Законот , тоа значи дека мора да се држат единствено до законските одредби и никако не смее да се излезе надвор од нив.

2 Волјата на починатиот Градоначалник кој во време на својот живот именувал свој заменик, и сигурно се водел од некои критериуми при именувањето на заменикот.

3 Волјата на народот кој на избори го избрал сега за жал покојниот Градоначалник да одлучува во име на народот, а тој со полно право и легитимитет одлучил да именува свој заменик, со што оставил одредено кадровско решение од доверба и за кое сметал дека е најдобро да биде негова замена.

Да не заборавиме дека Константин Георгиевски предводеше листа која победи на изборите со над 15 000 освоени гласови. Веројатно овој факт покојниот Градоначалник го имал во предвид кога одлучувал кој да е негов наследник и тоа мора да се има во предвид и денес, кога течат внатрепартиските битки во СДСМ за тоа кој ќе седне на столот од Стојаноски, но да се истисне заменикот кој тој го оставил.

Значи мора политичката елита во владејачката партија да остане имуна и да проба да се тргне од игрите на бизнисмените, олигарсите и останатите лоби групи и едноставно да ја испочитува вољата на покојниот Стојаноски и неговото кадровско решение да го избере за в.д. Градоначалник на Охрид.

Дотолку повеќе што додека во СДСМ се чека заседание на некоја си партиска комисија, ВМРО ДПМНЕ мудро поентира и покажува голем респект и почит кон починатиот Градоначалник одбивајќи воопшто да дискутира и да разгледува можности околу погазување на вољата на покојниот Градоначалник, но и на народот. Да на народот, кој по своја воља довербата е даде на кандидатот на СДСМ за Градоначалник но и за листата во Советот. Тоа е политичка доблест, политичка големина и покажување голема зрелост и респект пред се кон народот и неговата воља која народот ја кажа на избори. Судбината креира ваква ситуација и сега мораме да продолжиме натаму запазувајќи некој етички и човечки вредности дури и во политиката - анализира политичкиот социолог Васе Врнагалоска.

 

Никола Митровиќ - Заменик ние практично имаме назначен со потпис од покојниот Стојаноски и верификуван со 15 000 гласа од народот !

Во тешките мигови за Охрид во кој емоциите на тага од прерано починатиот градоначалник Стојаноски неможат да стивнат и како по градација се повеќе се зголемуваат мораме да бидеме владетели на чувствата и да преминеме понатаму во заедништво и сплотеност без разлика на партиска или било која друга поделба.

Но во овој период како да надвладеа желбата за заземање на „престолот“ по секоја цена па дури и по внатрепартиска поделба во СДСМ.

Моите искуства покажуваат дека секогаш внатрепартиската борба е полоша и потешка отколку со политичкиот опонент. Но според мене сега во овие мигови на тага и емоции најмалку што е потребно раздор, туку треба да се потсетиме и да согледаме на чекорите кој ги направил преранопочинатиот ни наш градоначалник.

На своето заменичко место со свој потпис тој го назначи Константин Георгиевски, кој впрочем беше и носител на листа и кој во самиот изборен циклус на чело на таа листа освои 15 000 гласови. Оттука барем според мене треба да се согледа , волјата на преранопочинатиот градоначалник Стојановски, волјата на народот, па и законските норми. Дури ако сакате со оваа одлука по малку изненадувачки но веќе јавно се поставија и советниците на ВМРО ДПМНЕ од името на партијата.

Сметам дека Константин Георгиевски ги има квалитетите но да речам и аманетот со потписот на градоначалникот барем во наредните месеци да ја извршува повеќе би рекол задачата отколку функцијата В. Д. Градоначалник на Охрид. Но како заклучок сакам да наведам дека оној кој и формално правно ќе ја извршува таа функција како водилка треба да ги согледа постулатите на преранопочинатиот градоначалник на Охрид - Стојановски - анализира Митровиќ.

 

Владо Чингоски - Византиските игри во СДСМ Охрид се во полн ек и повторно Охрид и Охриѓани ќе бидат колатерала.

Секако дека не очекував, после прераната смрт на Градоначалникот Стојаноски, да одговарам или да дадам анализа за тековните настани околу избор на вршител на должност градоначалник.

Искрено очекував акцентот не да се стави на персоналното решение, за кое за воља на вистината мислев дека е акцептирано, туку на скратување на постапката за избор на веќе, барем по мене познатото решение, кое беше и избор на починатиот, за негов заменик.

Очигледно дека наместо повеќе од потребното, нормализирање на состојбите и функционирање на општинските служби, повторно на површина излегоа внатрепартиските кадровски, лични интереси.

По се изгледа дека воопшто особено во владеачката коалиција или партија,не ги интересира нормалното функционирање на општината кое во овој период треба да биде целосно мобилизирана и посветена на донесување на актите кои се суштествени и кои ги креираат севкупните развојни политики за идната година, туку ги интересира позицирањето на што подобра пол позиција за кандидатура за градоначалник на извесните вонредни избори кои треба да се одржат најкасно со претседателските избори.

Византиските игри познати во СДСМ ( до душа не е исклучок нити една партија во РМ), не е ништо ново. Поранешните кандидати за градоначалник не ги имаат смирено своите афинитети, а туку се и некои нови, кои пак сега од позиција која ја имаат во Советот или во државната и партиската структура и тоа како се гледаат на градоначалничката фотеља.

Најмалку на сите нив ги интересира дали можат со својот капацитет да ја извршуваат таа функција, битно е да имаат лоби во централата кој ќе ги седне во фотељата. Потоа, потоа е лесно, никој не одговарал за својата работа или не работа, па нема да бидат и тие исклучок.

Повторно Охрид и Охриѓани ќе бидат колатерала.

Се надевам дека централата на СДСМ нема повторно да се води од бизнис, родбинско, пријателски, банкарски и не знам какви други лоби или односи и ќе замижува на ваквите случувања , туку ќе донесе сериозна одлука со целосна анализа на состојбата и исто толку важно, брза одлука, и на таков начин ќе им даде на знаење на кого кое место му припаѓа.

Што се однесува до ДПМНЕ, мудро молчи и го чека исходот од изборот на ВД градоначалникот, кој во овие 4-5 месеци и нема што многу да направи и да ги искорити сите непродуктивни расправии и игри во СДСМ, во своја корист.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања