„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

АНАЛИЗА: Скопје и Тетово со најголем број на невработени –пазар на труд во 2018 та !

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
statistika

Официјалните статистики на истекот од оваа 2018 година покажаа дека невработеноста на ниво на државата се намалува. Сепак, десетици илјади граѓани и натаму фигурираат како невработени – на листата пасивни или активни баратели на работа. Од вкупниот број на невработени, според податоците од Агенцијата за вработување, 55 989 се етнички Македонци, потоа 23 054 се етнички Албанци, 3 851 невработен се од турска националност а 5 687 се Роми. Скопје и Тетово предничат според бројот на граѓани кои имаат статус на невработени.

— реклама —

2955 луѓе изгубиле работа, 2707 се вработиле ...

На истекот од оваа 2018 година, или до почетокот на ноември, според податоците од Агенцијата за вработување на пазарот на труд биле регистрирани вкупно 182 036 невработени луѓе , од нив 91 485 се регистрирани како “активни баратели на работа“ а останатите 90 551 како “други лица кои бараат работа“.

— реклама —

“Невработеното лице е должно лично да се јавува во Агенцијата на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец а “Друго лице кое бара работа на секои шест месеци. Невработеното лице (активен барател на работа) учествува во сите програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот кои ги спроведува АВРМ. Другото лице кое бара работа (пасивен барател на работа), само се евидентира во АВРМ (не изразило волја да учествува или да му биде понудено вработување и слично) и АВРМ единствено може да му обезбеди информации за состојбата на пазарот на трудот“ – велат од Агенцијата за вработување.

Во споредба со првиот месец од годинава,во октомври вкупниот број на невработени се намалил за 10 066. Од почетокот на годината до крајот од октомври, од вкупниот број на луѓе кои повеќе не се на списокот на невработени, 2707 се врабоотиле, односно засновале работен однос, 2576 биле административно симнати од евиденција по законски основ а 774 преминале во пасивни баратели на работа.

Во истиот период на списокот на невработени, се приклучиле нови 5 351 лице кои стекнале право на “невработен“ а од нив 2955 по основ на изгубена работа.

Скопје и Тетово предничат според апасолутниот број на невработени ....

Бројот на невработени различно е распределен по градовите во земјава и според апсолутната евидентирана бројка, предничат Скопје со 14 699 регистрирани невработени и Тетово со 11 134 луѓе. На листата градови со најголем број на невработени се и Куманово, Гостивар, Прилеп.

Број на невработени по градови:

Скопје 14 699

Тетово 11 134

Куманово 9 282

Прилеп 6 626

Гостивар 5 524

Битола 4 780

Но, ова се апсолутни бројки за навработеноста. Друга слика за состојбата со невработеноста се добива доколку се направи споредба на бројот на невработени во однос на вкупниот број на население во општината, односно градот. Така на пример во Берово се регистрирани 1 224 невработени и во однос на бројот на население ( лица постари од 10 години) излегува дека секој 11 ти жител е невработен. Во Тетово пак споредбените податоци покажуваат дека секој 8 ми е невработен , во Дебар секој 13 ти, во Куманово и Прилеп секој 11ти.

Етничка структура на невработените ....

Од вкупниот број на невработени – активни баратели на работа ( 91485), според податоците од Агенцијата за вработување, 55 989 се етнички Македонци, потоа 23 054 се етнички Албанци, 3 851 невработен се од турска националност а 5 687 се Роми. Или вака изгледа процентуалната структура на невработените според етникумот:

Македонци 61,1%

Албанци 25,2%

Турци 4,2%

Роми 6,2%

Пропорционално, во градовите во кои доминира мнозинско албанско население има и најголем број на невработени од овој етникум, така во Тетово регистрирани се 8 002 граѓани од албанска националност со статус на активни невработени, додека бројот на невработени Македонци изнесува 2 703. Во Гостивар бројот на невработени Албанци е 2 713 , во Куманово 3 715 а во Дебар 620.

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажаат дека стапката на невработеност во третото тримесечје од годинава се намалила на 20,8 отсто, за разлика од вториот квартал кога беше 21,1 отсто. На крајот од септември 958.770 лица се активно работоспособно население во земјава, од нив 759.445 лица се вработени, а 199.325 лица бараат работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања