АНБ работи со засилени оперативни капацитети кои довеле до отворање на предмети за висока корупција, објави Христовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
hristovski

Финансиската безбедност и борбата против високата корупција денес претставуваат суштински дел од националната безбедност, порача директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, нагласувајќи дека навременото препознавање и спречување на сериозни злоупотреби е од клучно значење за заштита на институционалната стабилност и довербата на граѓаните.

— реклама —

Според Христовски, во изминатиот период Агенцијата, преку зајакнати оперативни и аналитички капацитети, како и преку интензивна соработка со надлежните институции, дала значаен придонес во отворањето и процесуирањето на предмети поврзани со сериозен финансиски криминал и висока корупција. Тој посочи дека ваквите појави не се само правен или економски проблем, туку директно ја загрозуваат безбедноста на државата и функционирањето на демократските институции.

Директорот на АНБ истакна дека улогата на Агенцијата е јасно дефинирана – навремено да ги препознае ризиците, детално да ги анализира и без одложување да ги сподели со институциите кои имаат законска надлежност да постапуваат. Во таа насока, Христовски најави дека АНБ ќе продолжи со посветена и координирана работа, со цел да се зајакне отпорноста на државата кон корупцијата и финансискиот криминал и да се обезбеди долгорочна стабилност и сигурна иднина за граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-09-10-143507

Петровска до АНБ : Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Македонија | пред 4 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар, вели Стојаноски

Македонија | пред 4 месеци

anb-komisija-za-nadzor-na-ar

Си прават зажани-откажи: Аферата со прислушување ја тресе државата, Собранието не успева да одржи седница

Македонија | пред 4 месеци

kocevski1111

Кој го прислушкувал Мицкоски и по чија наредба?, прашува ВМРО-ДПМНЕ и бара истрага

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања