„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Анчелоти ја освои титулата, но има друга цел: „Нема поголема мотивација“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти беше задоволен од победата против Кадиз и освојувањето на титулата во Ла Лига, а истакна дека мадридскиот клуб сака да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

— реклама —

Фудбалерите на Реал Мадрид победија на свој терен во Кадиз со резултат 3:0 во натпреварот од 34. коло на Ла Лига. Мадридскиот клуб на четири кола пред крајот на првенството ја обезбеди титулата во шпанското првенство со 87 бодови.

„Може да се каже дека чувствувам воздржана среќа. Најважниот натпревар е многу блиску до нас. Среќни сме со победата, но беше тешко да се подготвиме за овој натпревар бидејќи сите размислуваме за Баерн. Некои други играчи добија шанса. Мора да бидеме трпеливи, среда е близу. Сега најважно е одмор и опоравување“, изјави Анчелоти.

— реклама —

Фудбалерите на Реал Мадрид во среда во Мадрид го пречекуваат тимот на Баерн во реванш полуфиналето на Лигата на шампионите.

На првиот натпревар одигран во Минхен беше 2:2, а двата гола за Мадрид ги постигна Винисиус Јуниор.

„Од она што можам да го видам, сите сме мирни. Ќе имаме време да славиме, но сега треба 100 отсто да се концентрираме на натпреварот кој ќе се игра во среда. Имаме одлична можност, 90 минути дома да се пласираме во финалето на Лигата на шампионите. Нема поголема мотивација од тоа“, изјави Анчелоти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Одлични вести за Реал: Белингем се опорави од повредата, познато е кога ќе игра

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања