Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Анчелоти по ремито со Мароко: Не игравме добро, мораме многу да напредуваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Спорт
media-libraryamt795gvlpeb1GR1gee
Carlo Ancelotti

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, призна дека неговиот тим не одиграл на посакуваното ниво во ремито 1:1 против Мароко во првото коло од групата Ц на Светското првенство.

Италијанскиот стратег оцени дека Бразил имал сериозни проблеми во првото полувреме, кога делувал неорганизирано и небалансирано на теренот.

— реклама —

„Не игравме добро. Имавме неколку проблеми, тимот беше небалансиран, губевме многу топки и во тој сегмент мораме да бидеме подобри“, изјави Анчелоти.

Мароко поведе во 21. минута преку Исмаел Саибари, кој реализираше по брз контранапад и асистенција од Брахим Дијаз. Бразил израмни во 32. минута кога Винисиус Жуниор со одличен удар погоди во горниот агол за 1:1.

— реклама —

Во второто полувреме Бразил создаде повеќе шанси и имаше иницијатива, но не успеа да стигне до целосен пресврт.

Анчелоти смета дека измените донеле подобрување во играта, но потенцираше дека неговите фудбалери тешко се снаоѓале против компактната одбрана на Мароко.

„Не сум разочаран од резултатот, но не сум ниту задоволен“, рече селекторот на Бразил.

Тој најави дека почетниот состав нема да остане ист во текот на целиот турнир и порача дека има доволно време за напредок.

„Светско првенство не се освојува во првиот натпревар“, изјави Анчелоти.

Во следното коло Бразил ќе игра против Хаити во обид да ја забележи првата победа на шампионатот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Анчелоти ја освои титулата, но има друга цел: „Нема поголема мотивација“

Спорт | пред 2 години

— реклама —
Нема фотографија

Одлични вести за Реал: Белингем се опорави од повредата, познато е кога ќе игра

Спорт | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања