Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Андоновски бара крводарителите да се ослободат од плаќање паркинг на клиника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
47349077_348196919302118_5519264864939278336_n

На денешната седница на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски го поздрави досегашното кратко работење на Градски паркинзи и побара како дел од субвенциите да бидат предвидени средства за ослободување од плаќање на паркинг на крводарителите на просторот на клиничка болница.

— реклама —

Го поздравувам тоа што во првата недела се започна со чистење на паркинзите изминатите години не бевме научени дека паркинзите може да бидат и чисти па можеби и тоа е дел од развојната компонента, нагласи Андоновски.

Андоновски апелираше да бидат предвидени средства за предизборно ветување а тоа е ослободување од плаќање паркинг на крводарителите на паркинг просторот на клиничка болница.

— реклама —

Она што би сакал да апелирам сега како дел од овие субвенции да бидат предвидени средства од овие субвенции за едно предизборно ветување кое што ние го имавме како советничка група а тоа е за ослободување од плаќање паркинг на крводарителите на паркинг просторот на клиничка болница. Имено праксата коај што беше воспоставена до 2017 година е крводарителите во трансфузиологија да бидат ослободени од еден час паркинг или два часа паркинг колку што е потребно да ја напрват оваа хумана дејност но претходниот градоначалник Петре Шилегов заедно со раководството во паркинзи ја укинаа оваа можност и крводарителите плаќаа паркинг четири години, јас сум еден од нив таму има и други категории на лица кои што би можеле да бидат ослободени од паркинг, па така апелирам да управниот одбор на Градски Паркинг го разгледа ова прашање кога ќе ја разгледува програмата за работа за оваа година и да го предвиди, заклучи Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања