Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Stefan-Andonovski-26.01.2024

„Имаме 2700 нови вработувања. Стотици институции на 2 месеци пред избори, одеднаш увидоа потреба, да распишат огласи за нови вработувања кои претставуваат 2% од јавниот сектор. Бројот на огласи расте за над 60% во споредба со годините кога нема избори. Обемот на работа делумно се намалува во предизборниот период и логично би било институциите да распишуваат огласи по избори, а не пред нив. Но одамна никој не бара логика во чекорите на владата.“, истакна Андоновски на денешната панел дискусија, организирана од страна на “Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид“.

Во својот говор, Андоновски напомена дека за дел од оние кандидати за вработување, чии постапки не се завршени, има неофицијални информации дека дел од нив трпат притисоци за организирање лица за гласање на изборите.

„Се стремиме да станеме земја-членка на ЕУ, а за да бидеме таму мора да станеме држава што ќе има придонес кон економскиот развој, а не товар кој тие треба да го носат. Навистина е срамно да во нацртот на реформската агенда, ЕУ да ни обезбедува програмски средства и финансии за вработените да започнат да се појавуваат на работа, додека државата пред избори да распишува огласи за 2700 нови вработувања.“ , објасни Андоновски.

— реклама —

Андоновски го коментираше и недостатокот на институциите кои имаат надлежност да се борат со корупцијата.

— реклама —

„Кај нас, последни за криминалот и злоупотребите, дознаваат надлежните институции кои треба да ги превенираат истите. Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања, само надлежните институции не го гледаат тоа.

Министерството за информатичко општество и администрација, дури и се обрати до комисијата за регулирање на систематизации и годишните планови, при што од таму се прогласија за ненадлежни.“ , дополни Андоновски.

— реклама —

Андоновски се осврна и за незаконското доделување бонуси за зголемен обем на работа на вработените неколку месеци однапред, иако воопшто не се знае дали тие ќе одат на работа или не.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeku0c0k4jt57c1i9CLw

Андоновски: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновси: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Македонија | пред 1 месец

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања