„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Андоновски: Дигиталната отпорност гарантира вистинска дигитална трансформација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Stefan-Andonovski-26.01.2024

Стартува работната група за изработка на новата Национална Стратегија за сајбер безбедност

— реклама —

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска го означи официјалниот почеток на работата на работната група за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија, за периодот 2024-2028 година.

"Сајбер безбедноста е клучен аспект на националната безбедност и стабилност во ерата на рапидна дигитализација. Новата Национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучен документ кој ќе ја трасира патеката за зајакнување на нашите капацитети во оваа област. Нашата визија е да создадеме безбедно, сигурно и отпорно дигитално опкружување кое ќе овозможи непречен развој на дигиталната економија и општество", истакна Андоновски.

— реклама —

Зборувајќи за ризиците, но и за предизвиците, беше посочено дека изминатиот период бевме сведоци на зачестени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како во нашата земја, така и во регионот. Статистиките се загрижувачки, при што во 93% од случаите, надворешен напаѓач може да го пробие мрежното опкружување на организацијата, дури 43% од сите прекршувања се инсајдерски закани, било намерни или ненамерни, а во просек, само 5% од податоците на компаниите се соодветно заштитени.

„Немаме друг избор освен да градиме силна инфраструктура и да вложуваме во професионални човечки капацитети со кои дигиталната трансформација ќе се одвива што поефикасно и со што поголема отпорност“, нагласи Андоновски.

Во своето обраќање, министерот Андоновски посочи дека целиот процес на изработка на Стратегијата ќе се води со највисоко ниво на транспарентност, а се планира да се организираат јавни консултации, работилници и дебати во текот на целиот процес, со цел постигнување на инклузивност во изработката на Стратегијата. Дополнително, беше истакнато дека оваа Стратегија ќе се развива во согласност со принципите на ЕУ и НАТО, како и со меѓународните обврски на земјата.

Владата на Република Македонија ја препознава клучната важност на сајбер безбедноста за нашиот национален развој и просперитет. Токму затоа, ова прашање е високо на нашата агенда и е интегрален дел од нашите напори за дигитална трансформација на општеството. Министерство за дигитална трансформација е целосно посветени на создавањето на сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура. Нашата цел е не само да реагираме на заканите, туку и проактивно да ги антиципираме и спречуваме потенцијалните ризици, беше заклучено од страна на Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv3hpevlssnbk5hYJ7LA

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади би била радикален чекор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања