Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Андоновски до Жерновски: Земавте 7000 евра за болницата во Штип, а ЕЦБ го запре финансирањето поради слаба реализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stefan_Andonovski

Стефан Андоновски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, обвини дека секогаш кога СДСМ се на власт, имиџот на државата пред Европската унија е лош, потенцирајќи дека заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски земал 7000 евра за седум месеци од Министерството за здравство како проектен координатор за изградба на болницата во Штип за која владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 26 милиони евра од Европската централна банка, но поради слабата реализација истиот е стопиран од Европската централна банка.

— реклама —
— реклама —

Во 2016та-2017та година ВМРО-ДПМНЕ потпишува договор со Централна банка за кредит за изградба на болницата во Штип. Европската централна банка, затоа што не не подржувала Европската унија ни дава кредит од 26 милиони евра. Планот е до 2018та година да се изгради болницата во Штип. Започнува изградбата првите 18 месеци има одредена динамика, доаѓа СДСМ на власт и Филипче вели во 2020та година Штип ќе има нова болница, истакна Андоновски.

— реклама —
— реклама —

Крајниот рок кога треба болницата да биде завршена 2020 дека работите се сведуваат со забрзана динамика, за да ни се случи оваа година Европската централна банка, европската Унија да ни прекине кредитот. Зошто? Затоа што не се работи доволно на овој проект, но кој е заклучокот, дека проектен координатор на овој проект е господинот Андреј Жерновски кој што во последните 7 месеци зема по 1000 евра месечно од Министерството за здравство да го проектира. Последните седум месеци зема по 1000 евра за да биде проектен координатор, за да последниот месец од овие седум месеци Европската централна банка каже вие не доволно растете со проектот, не доволно функционира проектот, болницата нема да се изгради и поради тоа ние го стопираме проектот и нема одговор ниту од Жерновски како проектен координатор каков е нашиот имиџ пред Европската централна банка кога вие треба да изградите болница, сте ветиле 2020 година ќе ја изградите, а крај на 2021ва сме, Жерновски е седум месеци координатор, земал 7000 евра од Министерството за здравство, а нему му го прекинуваат проектот. Тоа е имиџот на Македонија пред ЕУ, пред Европската централна банка кога СДСМ е на власт, вели Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања