Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Андоновски: Граѓаните преку е-сандаче ќе добиваат навремени известувања кога им истекува личната карта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarydhggrak3drt39wxw6vm

„Сега, три месеци пред истекот на вашата лична карта, ние автоматски ви испраќаме на вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата имејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и дека можете да си ја обновите, да закажете обновување на следниот линк. На овој начин сакавме да покажеме колку е ефикасен овој модел и за 300 000 граѓани тоа веќе е овозможено затоа што се корисници на националниот портал“, изјави министерот Стефан Андоновски, во гостување  на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, објаснувајќи ја функционалноста на „е-сандаче“.

— реклама —

Со воведувањето „е-сандаче“ државата може директно електронски да комуницира со граѓаните за опомени, документи, предупредувања за истекување на одредени рокови.

„Е-сандаче“, значи државен инбокс и електронска адреса на граѓаните во дигиталниот свет, а идејата е да се искористи за директна комуникација со граѓаните и тогаш кога тие немаат побарано услуга. Периодов проектот е во тест-фаза, во која системот успешно се справува со автоматско испраќање информација за истекување на личните карти на граѓаните“, рече Андоновски.

— реклама —

Министерот дообјасни дека пораката што стигнува до граѓаните содржи линк кој го носи корисникот кон страницата на која се закажува термин за обновување лична карта.

 „Можностите се неограничени и ова е една од обврските на дигиталната декада, затоа што значи дека државата директно електронски комуницира со граѓаните. Каде отишле државите коишто порано го започнале овој процес? Доставата на документи да се врши целосно електронски на овој начин за оние граѓани кои го имаат електронското сандаче“, додаде министерот.

Говорејќи за „е-киоск“, тој рече оти тие треба да се сфатат како машини кои ќе им овозможат на корисниците да добијат услуга директно, без да комуницираат со државниот апарат или без да го користат Националниот портал за услуги, односно луѓето што дома немаат интернет, принтер или компјутер, на кој било киоск ќе можат со неколку клика да дојдат до потребната услуга и да платат веднаш.

„Сметавме дека ова ќе биде нова додадена вредност затоа што во градовите каде што немаме центри за услуги, или на местата коишто имаат голема фреквенција на граѓани, можете да ја користите брзо оваа услуга 24 часа, седум дена во неделата. Не зависите ни од работно време, ни дали некој вработен може да ве услужи и ќе ги намалиме и метежите коишто се создаваат“, заврши министерот, Стефан Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

3

Исчезнаа 11 лични карти – полицаец од Чаир под истрага

Скопје | пред 4 месеци

licna-karta-696x365

Личните карти со старото име ќе продолжат да важат до рокот на траење

Македонија | пред 1 година

licna-karta

Личните карти од денес ќе се подигаат во полициските станици во Скопје

Скопје | пред 1 година

3

Нов начин на издавање на лични карти од денеска

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања