„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Министерството за дигитална трансформација ја заврши првата етапа од соработката со EGA во ЕУ-иницијативата за јакнење на сајбер-капацитетите. Донирана е опрема од 149.921,20 евра за GOV-CSIRT, надополнета со над 1,5 милиони евра инвестиции за владиниот ЦИРТ, за побрза детекција и одговор на инциденти. Паралелно се работи на „Роаминг како дома“, со усогласен последен закон за Македонија да биде меѓу првите целосно усогласени земји. Тригодишниот проект „Cyber Balkans“ завршува овој месец, со резултати како GSOC, CIRT, TTX-вежби, план за развој и набавка на опрема, во насока на усогласување со ЕУ стандарди и поголема сајбер-отпорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана од Европската Унија.

— реклама —

Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, во своето обраќање истакна дека проектот претставува силен пример за тоа како партнерството со ЕУ носи конкретни резултати за државата, преку зајакнување на националните капацитети за сајбер-безбедност и унапредување на отпорноста на институциите.

„Како финална фаза од проектот беше донацијата во опрема со вредност од 149.921,20 евра со која се зајакнуваат оперативните капацитети на GOV-CSIRT и се унапредува заштитата на државните институции и критичната дигитална инфраструктура. Ова значи побрза детекција на закани, поефикасен одговор на инциденти и поголема отпорност на сајбер-напади. Оваа донација е комплементарна со инвестициите на Министерството од повеќе од 1,5 милиони евра во целосно опремување на Владиниот ЦИРТ“, изјави министерот Андоновски.

Министерот упати благодарност до Европската Унија за континуираната поддршка, како и до институциите и експертите вклучени во имплементацијата на активностите, при што нагласи дека ваквиот модел на соработка е пример за ефикасен меѓународен проект насочен кон реални и мерливи резултати.

— реклама —

Паралелно со зајакнувањето на сајбер-безбедноста, Министерството активно работи и на иницијативата „Роаминг како дома“, со цел граѓаните и бизнисите од Македонија да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци.

„Знаете дека паралелно со зајакнувањето на сајбер-безбедноста, активно работиме и на иницијативата „Роаминг како дома“, со цел граѓаните и бизнисите од Македонија да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци. Информацијата од Европската комисија од вчера покажува дека процесот е жив и ние сме вклучени во неговата реализација. Како Влада веќе го утврдивме и текстот на последниот Закон за усогласување со што, како што ветивме, ќе бидеме меѓу првите земји целосно усогласени со барањата за Роаминг како дома“, додаде министерот.

Во рамки на пошироките активности за јакнење на сајбер-отпорноста, тригодишниот проект „Cyber Balkans“, имплементиран од Академијата за е-управување и финансиран од Европската унија, овој месец официјално завршува во Македонија, означувајќи значаен чекор напред во јакнењето на сајбер -отпорноста на земјата.

Проектот беше насочен кон унапредување на сајбер-отпорноста во согласност со европските најдобри практики, со фокус на усогласување на законодавството, градење институционални капацитети, оперативна подготвеност и регионална соработка.

„Европската унија останува посветена на поддршката на Северна Македонија и Западен Балкан во усогласувањето со стандардите на ЕУ за сајбер безбедност“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Северна Македонија.

Како дел од поддршката, проектот придонесе за воспоставување на Владин Центар за безбедносни операции (GSOC) и Тим за одговор на компјутерски инциденти (CIRT), како и за спроведување на високо-ниво вежби на маса (TTX) за тестирање на моделите на управување и механизмите за координација при инциденти. Дополнително, беа подготвени одржлив план за развој на GOV CIRT и мапирање на опремата, со цел насочување на идните инвестиции и обезбедување долгорочен развој на капацитетите.

За зајакнување на техничката инфраструктура и детекцијата на инциденти, проектот ја поддржа и набавката на неопходна опрема за сајбер безбедност и мрежна заштита.

„Сајбер-отпорноста не се гради преку ноќ. Таа бара цврсти правни основи, способни институции и континуирана регионална соработка“, изјави Милан Секулоски, виш експерт во Академијата за е-управување. „Во изминатите три години тесно соработувавме со нашите партнери во Северна Македонија и низ Западен Балкан за да обезбедиме реформите да бидат одржливи, усогласени со стандардите на ЕУ и поддржани со реален оперативен капацитет. Постигнатиот напредок дава силна основа за продолжување на соработката во годините што следат.“

Министерството за дигитална трансформација останува посветено на јакнење на сајбер-безбедноста, на модернизација на дигиталната инфраструктура и на забрзување на дигиталната интеграција со Европската Унија, со јасна цел – сигурна, поврзана и европска дигитална држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv3hpevlssnbk5hYJ7LA

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади би била радикален чекор

Македонија | пред 2 седмици

media-library5jvfj4veih8nbDaPPIo

Андоновски: Онлајн медиумите конечно се признаени со закон, недозволив е политички притисок врз медиумите

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања