Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Андоновски: Македонија гради сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Stefan-Andonovski-26.01.2024

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави амбициозни планови за зајакнување на сајбер безбедноста во земјата на дводневната работилница во рамките на проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан - интервенции за Република Македонија".

Министерот Андоновски во своето обраќање ги истакна предизвиците со кои се соочува земјата при што истакна: „Изминатиот период бевме сведоци на зачестени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како во нашата земја, така и во регионот. Нашата критична инфраструктура - енергетските системи, водоснабдувањето, транспортот, здравството - се во срцето на функционирањето на нашата држава. Нивната заштита е наш врвен приоритет."

— реклама —

Андоновски во своето обраќање потенцираше дека Министерството за дигитална трансформација неодамна започна со изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија за периодот 2024-2028 година, како и дека е формирана работна група составена од експерти од различни области, која веќе почна интензивно да работи на оваа стратегија. Оваа стратегија ќе биде усогласена со најновите директиви на Европската Унија, вклучувајќи ја и НИС 2 Директивата.

— реклама —

"Владата на Република Македонија ја препознава клучната важност на сајбер безбедноста за нашиот национален развој и просперитет. Како Министерство за дигитална трансформација, ние сме длабоко посветени на создавањето на сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура. Нашата цел е не само да реагираме на заканите, туку и проактивно да ги антиципираме и спречуваме потенцијалните ризици", заклучи Андоновски.

— реклама —

Работилницата е дел од проектот "Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан - интервенции за Република Македонија", финансиран од страна на Владата на Обединетото Кралство, со цел подигнување на свеста, градење на капацитети и поттикнување на позитивни промени во примената на сајбер безбедноста во земјата. Проектот ќе трае од август 2023 до март 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeku0c0k4jt57c1i9CLw

Андоновски: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновси: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Македонија | пред 1 месец

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања