ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Андоновски на панел дискусија за сајбер-безбедност во Вашингтон, САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6527

На покана на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE), министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на панел-дискусија во Вашингтон, САД. Темата на панелот беше "Напредокот во воспоставувањето на национални сајбер-авторитети и развојот на вештини во земјите од Западен Балкан".

— реклама —

GFCE е водечка платформа за меѓународна соработка во областа на сајбер-капацитетите, со над 200 членки од целиот свет, вклучувајќи влади, меѓународни организации, компании и академски институции. На панелот учествуваа и претставници од останатите земји од Западен Балкан, како и претставници од Стејт департментот на САД.

Во своето обраќање, министерот Андоновски ги истакна неодамнешните чекори на Македонија во областа на сајбер-безбедноста, при што потенцираше дека неодамнешното основање на Министерството за дигитална трансформација е клучен чекор кон посигурна дигитална иднина за нашата земја кое ќе биде столбот на нашите напори за дигитализација и сајбер-безбедност.

— реклама —

Министерот го нагласи значењето на сеопфатниот пристап во спроведувањето на мерките за сајбер-безбедност во регионот:

"Вклучувањето на сите општествени чинители е клучно во нашите напори за подобрување на сајбер-безбедноста во целиот регион на Западен Балкан", истакна Андоновски. "Безбедноста во сајбер-просторот не познава граници и бара заедничко делување."

Андоновски ги претстави и плановите за новата Национална стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028. Стратегијата ќе се фокусира на усогласување со директивата NIS2 на ЕУ, заштита на критичната инфраструктура и развој на домашни сајбер-вештини.

"Технологијата носи големи можности, но и значителни ризици", објасни министерот. "Неопходно е да го уредиме дигиталниот свет за да ги заштитиме правата на граѓаните во оваа сфера."

Андоновски зборуваше и за предизвиците со кои се соочува земјата, од еволутивната природа на заканите до тешкотиите во задржувањето на стручни кадри. И покрај тоа, тој изрази оптимизам:

"Република Македонија е посветена на градење на цврста и со ЕУ усогласена рамка за сајбер-безбедност. Убедени сме дека со постојана посветеност, меѓународна соработка и современ пристап, можеме да изградиме безбедна дигитална иднина за нашите граѓани и да придонесеме за сајбер-безбедноста на целиот регион на Западен Балкан."

Учеството на министерот Андоновски на овој значаен настан, организиран од страна на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE), ја потврдува заложбата на Република Македонија за унапредување на сајбер-безбедноста и нејзината активна улога во регионалните и меѓународните напори за градење на отпорност во сајбер-просторот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv3hpevlssnbk5hYJ7LA

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади би била радикален чекор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања