Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Андоновски: Околу 6000 поднесени барања за дигитални услуги месецов, преку новата апликација за оружје, борбата против корупцијата останува во фокус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
stefan-andonovski

Министерот Стефан Андоновски во денешното гостување во утринската програма на јавниот сервис, нагласи дека новата апликација за дозвола за оружје која што на граѓаните им е достапна на националниот портал за услуги е резултат на борбата против корупцијата која е во фокус и добрата соработка со Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„Преку новата апликација за оружје, целосно е променет процесот во МВР, сега наместо прво да плаќате за обука за поседување на оружје, па потоа да полагате, па да извадите лекарско и да аплицирате, сега постапката е обратна, прво аплицирате преку порталот, потоа МВР прави проверка дали сте подобни да поседувате оружје, а потоа ја поминувате постапката на лекарско уверение, тренинг и полагање. На овој начин, граѓаните ќе имаат помалку трошоци и нема да бидат во неизвесност со месеци, дали ќе добијат или нема да добијат соодветна дозвола.” истакна Андоновски

Министерот заклучи дека оваа услуга е многу корисна за оние членови на ловечки друштва, бидејќи им се забрзува времето да ја добијат дозволата.

— реклама —

Андоновски кажа и дека услугите се користат од страна на граѓаните, но сепак тука не застанува и тој очекува следната година бројката на услуги да се зголеми за 100.

„Бројката на поднесени барања е зголемена на околу 6000 барања за месецов. Граѓаните го препознаваат порталот uslugi.gov.mk, и започнуваат да користат услуги од истиот. Инаку кога дојдовме во министертсвото имавме 125 услуги достапни на порталот, за сега да биде бројката околу 200 на порталот. Нашиот таргет за следната година е да имаме уште 100 услуги на порталот".

Министерот додаде и дека во постапка е законот за сајбер безбедност со што ќе се заштити државата од сајбер напади.

„Ние бевме единствена држава од регионот која што немаше закон за сајбер безбедност", напомена Андоновски и додаде. "Законот е во изработка, додека националната стратегија веќе е во владина процедура и очекувам до крајот на годината да биде донесена, а законот почетокот на 2025 година. Тој закон целосно ќе биде во согласнот со регулативата на ЕУ за сајбер безбедност и ќе ни даде точни одредници каде треба да се движиме во наредниот период". заврши министерот Андоновски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycbd4v4o69ta60CTdXAQ

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryv3hpevlssnbk5hYJ7LA

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади би била радикален чекор

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања