Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Андоновски: Онлајн медиумите конечно се признаени со закон, недозволив е политички притисок врз медиумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library5jvfj4veih8nbDaPPIo

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, истакна дека владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми.

„Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ“, посочи Андоновски, додавајќи дека ова е важно бидејќи порталите и новинарите сега полесно ќе можат да ја бараат својата заштита, имајќи предвид колкав легитимитет и читаност имаат во општеството.

— реклама —

Министерот најави дека за првпат ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите во Македонија.

— реклама —

Во контекст на актуелните состојби, Андоновски предупреди дека е недозволиво политичка партија да спроведува кампања против медиум.

„Недозволиво е да се спроведува кампања против медиум од страна на политичка партија, ова е многу штетно и една од работите кои што ќе се случат поради ова е да добиеме полоша оценка за медиумите во извештајот на Европската унија и извештајот на Репортери без граници, но не заради владата туку затоа што политичарите вршат притисок врз медиуми“, нагласи министерот, изразувајќи загриженост дека ваквиот пристап може да има негативни последици.

— реклама —

На крајот, Андоновски упати апел медиумите да останат единствени и професионални.

— реклама —

„Медиумите да останат сплотени, професионални и да продолжат да го прават тоа што го прават до сега и понатаму. Ме радува што се покажа единственост од сите синдикати и здруженија – така треба да се постапува секогаш кога било кој ќе се осуди да се закани и да критикува определен медиум само затоа што не се согласува со неговите ставови“, заврши министерот Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновси: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Македонија | пред 2 седмици

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 2 месеци

media-library0q3387parbkc6Lu4pTe

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања