Промени тема
Контакт

Андоновски панелист на Самит за дигитализација на владините услуги во Швајцарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Stefan-Andonovski-26.01.2024

Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, е во дводневна посета на Цирих, Швајцарија каде ќе биде еден од панелистите на глобалниот Самит за дигитализација на владините услуги. Самитот особено се осврнува на украинската апликација ДИИА, која е пионер во нудење најсовремени дигитални алатки за граѓаните.

— реклама —

Самитот ќе се осврне на клучните области како дигитална трансформација на владините услуги, образованието, здравството, социјалните услуги и промоцијата на иновациите, како и споделување на украинско искуство во областа на владата и иновациите.

— реклама —
— реклама —

Андоновски ќе зборува на панелот насловен како „Дигитална трансформација во акција“, при што ќе се осврне на предизвиците, проблемите и визијата за дигиталната трансформација на Македонија во наредниот период. Со поглед кон 2030 година, Андоновски ќе ги анализира постулатите на дигитализацијата на сите владини услуги, со цел борба против корупцијата, подобрени и достапни услуги за граѓаните во целата држава и привлекување на најдобрите светски инвестиции во областа на GovTech секторот.

— реклама —

Во рамки на посетата, Андоновски оствари билатерални средби со Вицепремиерот на Украина за иновации, развој на образованието, науката и технологиите и Министер за дигитална трансформација на Украина Михаил Федоров и Валерија Ионан, Заменик министер за дигитална трансформација на Украина. На маргините на настанот, Андоновски ќе оствари средби и со претставници на глобалните технолошки лидери од приватниот сектор, тинк-тенкови и владини претставници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeku0c0k4jt57c1i9CLw

Андоновски: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновси: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Македонија | пред 3 месеци

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања