Андоновски: Со лажните пасоши кои СДСМ ги делеле на светски криминалци се случувале убиства во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
andonovski

Седат Пекер вчера изјави дека одлично стои со лидерот во Македонија, односно премиерот. Никој не демантираше дека немале средби, а тој сам се фалеше. Сликите говорат и дека имал средби со коалициони партнери на СДСМ. Фактите говорат и дека за пасош се сликал кога е СДСМ на власт, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Топ Тема на Телма.

— реклама —

Андоновски истакна дека во Македонија повеќе се одговара за украдени 10 ќебапи , отколку за производство на лажни пасоши на светски криминалци.

— реклама —

- Со тие пасоши извршени се и убиства во источна Европа. Човекот кој ги правел пасошите одговара за 2 години, а некои и добија помалку, а не одговараа за фалсификување или крадење на лични податоци, рече Андоновски.

— реклама —

Според него ова што се случува не е недостаток на системот, бидејќи во друг случај видовме како министерот за внатрешни работи се фотографира пола подземје од Сарај и Сингелиќ во однос на акцијата „Планина“ која беше пробиена три дена претходно.

- Со новата методологија на ЕУ нема да смее да ни се случуваат спорни набавки во МВР, затоа што ЕУ ќе има увид и ќе реагира. На пример градоначалник прави поткуп на избори, никој не го санкционира, не се процесуирани ни 30 кривични од изборите, на такви работи ЕУ ќе алармира и нема да смеат да ни се случуваат примери како Ден Дончев и Рашкоски, нагласи Андоновски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања