Промени тема
Контакт

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
arsovska-1

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“.

„Сериозно сум загрижен од тоа што денес ѝ се случи на градоначалничката на Скопје, г-ѓа Данела Арсовска – бугарски државјанин. Го повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопје веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша Ковачев на „Фејсбук“.

— реклама —

Тој тврдеше дека станува збор за уште еден случај на „насилство, тормоз и јавен линч“ врз бугарски државјани кои имаат високи јавни функции, а добиле бугарско државјанство „врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари“.

Тој повика бугарската држава да ги заштити над 216.000 бугарски државјани во Северна Македонија, кои, според него, доброволно го стекнале државјанството и се изјасниле како етнички Бугари.

— реклама —

[caption id="attachment_342771" align="alignnone" width="1400"] Screenshot[/caption]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања