Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ангелов: Денеска се регистрирани дваесетина пожари, најголемиот дел се изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarymn6mi28b79ef2zoJCUs

Во текот на денешниот ден низ државата се регистрирани дваесетина пожари на отворен простор, од кои најголемиот дел се целосно изгаснати, а останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат локализирани во текот на денот, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

— реклама —

Тој посочи дека денеска немало потреба од ангажирање на ер-тракторите во гаснењето на пожарите.

— реклама —

„Пожар кој беше видлив од подалеку и предизвика одредена вознемиреност кај граѓаните е пожарот на територијата на Општина Струга. Конкретно, имавме два пожари на отворен простор – едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола. Очекувам набргу и тој да биде изгаснат. Во текот на денешниот ден немаше побарувања за ангажман на ер-тракторите“, изјави Ангелов.

— реклама —

Осврнувајќи се на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Ангелов рече дека нема промени и дека водата сè уште не е безбедна за пиење, бидејќи во дел од анализираните примероци Институтот за јавно здравје и понатаму утврдува присуство на бактерии.

„Водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекуваме да биде прогласена за исправна. Хиперхлорирањето продолжува“, изјави Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања