Промени тема
Контакт

ДЗС

media-librarymjlcpmhcijq5aJ0SHlc

Вработен во ДЗС примил 500 евра поткуп за градежна согласност, обвинителството бара притвор

Вработениот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој беше фатен со 500 евра во полициска акција, доби кривична пријава за примање поткуп, а Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка и побара притвор за него.Според информациите од МВР, Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против Љ. Н. (63) од Скопје. Тој бил овластен да потпишува, дава мислења и издава согласности за урбанистички планови и проекти, како и

Македонија | пред 1 ден

media-librarymjlcpmhcijq5aJ0SHlc

Ангелов потврди: Вработен во ДЗС побарал 500 евра за позитивно мислење за градба

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека пред неколку дена добил пријава од граѓанин дека вработен во институцијата побарал 500 евра за да издаде позитивно мислење потребно за изградба на објект.Според Ангелов, станува збор за лице вработено како советник за урбанистичко планирање, а граѓанинот бил упатен случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал при МВР.Тој ја поздрави денешната акција на Министерството за внатрешни работи и ги пови

Македонија | пред 2 дена

media-library62b07q8e1ssd4SndMqP

Сакаш да градиш? Плати 500 евра: Раководител во ДЗС падна во полициска акција, фатен е со бележани банкноти

Раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување е лишен од слобода под сомнение дека примил поткуп од 500 евра за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект, дознава неофицијално „Скопје1“.Според информациите до кои дојдовме, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност спровеле акција во која раководното лице било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти.Парите, сп

Македонија | пред 2 дена

media-library4emt72ltu63r1JzkTMW

Пронајдени две артилериски гранати од Првата светска војна кај Новаци

Две неексплодирани артилериски гранати од Првата светска војна, со калибар од 75 и 105 милиметри, биле пронајдени на брегот на Црна Река, во близина на мостот во атарот на селото Новаци.Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно ги подигнал гранатите, кои вчера биле уништени на армискиот полигон Криволак.Во акцијата биле уништени вкупно 2.262 неексплодирани убојни средства од минатите војни, меѓу кои тромблонски гранати, рачни бомби и артилериски гранати

Македонија | пред 2 дена

media-libraryp4860na62gjpa3y1CG7

Отстранети и уништени 2.262 неексплодирани гранати и бомби од Првата светска војна кај Битола

Заврши акцијата за откупување, безбедно отстранување и уништување на 2.262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од Првата светска војна, пронајдени во близина на последните куќи кај Тумбе Кафе во Битола, на околу 200 метри воздушна линија од населените објекти.Како што информира Ангелов, пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување во изминатите денови ја завршиле акцијата, при што биле отстранети вкупно 2.262 убојни средства со приближна тежина од 1.100 килограми.Секоја од

Македонија | пред 3 дена

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Над 70 илјади компании во Македонија оствариле промет од 2,2 билиони денари во текот на една година

Македонските компании во текот на 2025 година оствариле вкупен промет од 2.226.478 милиони денари, а нивната бруто-додадена вредност изнесувала 522.087 милиони денари. Станува збор за вкупно 70.843 пазарно ориентирани деловни субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Најголем удел во вкупниот промет има трговијата на големо и мало, со 38,7 отсто, додека преработувачката индустрија учествува со 24,5 отсто. Овие два сектора заедно оствариле повеќе од 63 проценти од прометот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Дирекцијата за заштита и спасување објави моменти од пронаоѓањето и отстранувањето на над 1.700 гранати на локалитетот Тумбе Кафе во Битола.Преку објавените фотографии се прикажани делови од активностите за пронаоѓање и отстранување на опасните експлозивни средства. Станува збор за обемна акција во која биле пронајдени и отстранети повеќе од 1.700 гранати од ова подрачје во Битола.

Македонија | пред 3 седмици

media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интензивно трагаат по исчезнато лице за кое постојат индиции дека било видено во близина на реката Вардар, на подрачјето на Гостивар. Потрагата се спроведува по официјално барање на Полициската станица Гостивар.На терен е и заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу, кој заедно со екипите учествува во активностите за пронаоѓање на лицето.Во акцијата се вклучени припадници на Тимот за брз одговор за спасување на води при ДЗС, со логистичка поддршка

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија во август, најбројни биле гостите од Турција

Македонија во август ја посетиле 244.513 туристи, кои оствариле над 934 илјади ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Позитивните резултати продолжуваат и во првите осум месеци од 2026 година, кога е забележан раст и на бројот на посетители и на ноќевањата во споредба со истиот период лани.Според статистичките податоци објавени на 14 октомври, странските туристи сочинувале 53,6 проценти од вкупниот број посетители во август, додека домашните учествувале со 46,4 процент

Македонија | пред 1 месец

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Интернетот е дел од секојдневието на најголем дел од населението во Македонија. Во првото тримесечје од 2026 година, интернет користеле 93,7 проценти од лицата на возраст од 15 до 74 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за употребата на информациско-комуникациските технологии во домаќинствата и од поединците.Пристап до интернет од дома имале 91,2 проценти од домаќинствата, што укажува на висока застапеност на интернет-поврзувањето во земјава.Според статистичките п

Македонија | пред 1 месец

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Градежната активност во Македонија бележи значителен раст, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во август биле издадени 333 одобренија за градење, што е за 18,9 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Со нив е предвидена изградба на 1.030 станови, додека вкупната вредност на планираните градежни работи достигнала 21,7 милијарди денари, односно повеќе од 350 милиони евра.Најголем дел од одобренијата се однесуваат на Скопскиот Регион, каде што се регист

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

ДЗС: Инфлацијата во септември 2,7%, храната поскапела за 0,5%

Инфлацијата во Македонија во септември достигна 2,7 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со август, трошоците на животот останале на исто ниво, односно месечната стапка на инфлација изнесува 0 отсто.Септемвриската стапка претставува благо зголемување во однос на претходните месеци. Во јули инфлацијата изнесуваше 2,3 отсто, а во август 2,6 отсто.Иако вкупниот индекс на трошоците на животот во септември не се променил на месечно ниво, различнит

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj1dfdvc5o5rq1QXEldx

Ноќеска избегната катастрофа во прилепско Бонче: Ветер како на филм го префрли огнот кон селото кое едвај го спасиле

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.„Утрово околу 4 часот, ветер како на филм ги префрли пламените јазли кон селото Бонче, Прилепско, во долот. Благодарение на храбрите пожарникари, селото беше спасено, дури

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

Силен мирис на запалено во Гостивар, Ангелов: Не гори Русино, ниту дивата депонија во Чегране

Во Гостивар од ноќеска се чувствува силен мирис на запалено, по што „Скопје1“ побара информација од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, дали има пожар или согорување на отпад на депонијата Русино и дали постои ризик за граѓаните.Ангелов одговори дека изминативе денови немало пожар ниту на депонијата Русино, ниту на дивата депонија во селото Чегране.„Изминативе денови не горело на депонијата Русино, ниту на дивата депонија во с. Чегране“, изјави Ангелов.Тој посочи

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvf6i6m4djo252DC3f6p

(Видео) Шумски пожар над Македонски Брод: Во гаснењето учествуваат хеликоптер и три „Ер трактори“

Шумски пожар во тешко пристапниот планински предел над селото Локвица, во Општина Македонски Брод, денеска го гаснеле голем огнен тим на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.Во акцијата биле ангажирани 25 доброволни пожарникари и петмина припадници на ДЗС, со поддршка од хеликоптер на МВР.Пожарот се наоѓал далеку во планината, во правец кон ловиштето „Јасен“. Хеликоптерот вода полнел од монтажен базен поставен во близина, што овозможило брзо полнење и исфрлање вода врз пожарот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn7c6cn7s8ihr470hy9X

Ангелов: Монтажен базен поставен до пожарот кај Драгов Дол, хеликоптерот сега носи по еден тон вода на секои 3–4 минути

Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во непосредна близина на пожарот, со што на секои три до чети

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi2qloqlght2uc5eo5t3

Спасено повреденото лице на Пелистер: Со скршеници на двете нозе било извлечено од непристапен терен

Спасувачките екипи успешно извлекле повредено лице од непристапен терен на Пелистер, откако преку бројот 112 била пријавена несреќата.Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал и крварење.По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Терито

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi2qloqlght2uc5eo5t3

Спасувачка акција на Пелистер: Повредено лице лоцирано кај Мало Езеро

Спасувачките екипи се на терен на Пелистер, каде што во близина на Мало Езеро е лоцирано повредено лице.На лицето веќе му е укажана прва помош, а во тек се активности за негово безбедно извлекување од теренот.Акцијата се спроведува во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), екипи на Националниот парк „Пелистер“ и итната медицинска помош од Битола.Сите ангажирани служби работат на што побрзо извлекување на повреденото лице и негово транспор

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygn35nh5c8vbk8JAYbQZ

Три „ер трактори“ гаснат пожар на Жеден, Ангелов очекува целосна контрола до крајот на денот

Трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување денеска се ангажирани во гаснењето на пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Во видеоизјава од местото на пожарот, Ангелов посочи дека огнот зафатил исклучително стрмен терен со густи грмушки, поради што движењето е отежнато, а пожарникарите не можат директно да дејствуваат.Поради тоа, трите „ер трактори“ се користат со концентрирано дејство на неколку точки, со цел да се спречи понатамошното ш

Македонија | пред 3 месеци

media-library0ddq78q2c5ff00UXlCi

Ангелов: Пожарникари биле нападнати додека гаснеле пожар кај Прилеп, сопственикот ги туркал и ги спречувал

Пожарникари кои пристигнале да гаснат пожар во објект во близина на Прилеп биле нападнати од сопственикот на објектот, кој со туркање во пределот на градите се обидел да ги спречи да продолжат со интервенцијата, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според Ангелов, инцидентот се случил вчера, кога првите двајца пожарникари со помало противпожарно возило пристигнале кај објект во кој се чувала поголема количина тутун. Сопственикот, како што вели, нервозно им с

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Угостителските услуги поскапеле за 3,2 отсто, ноќевањата поскапи за 6,7 отсто

Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се повисоки за 3,2 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.Најголемо зголемување е забележано кај цените на ноќевањата, кои во јули годинава се повисоки за 6,7 проценти во однос на јули 2025 година.Според ДЗС, во периодот од јануари до јули 2026 година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 2,9 проценти во споредба со истиот период минатата година.Во однос на декември 2

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymn6mi28b79ef2zoJCUs

Ангелов: Денеска се регистрирани дваесетина пожари, најголемиот дел се изгаснати

Во текот на денешниот ден низ државата се регистрирани дваесетина пожари на отворен простор, од кои најголемиот дел се целосно изгаснати, а останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат локализирани во текот на денот, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Тој посочи дека денеска немало потреба од ангажирање на ер-тракторите во гаснењето на пожарите.„Пожар кој беше видлив од подалеку и предизвика одредена вознемиреност кај граѓаните е пожарот на т

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqq8t1m2f2iu42o6ePNx

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за борба со летните пожари

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија денеска се построија на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).Со постројувањето беше утврден бројот на доброволци кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на ДЗС.Пред присутните се обрати директорот на Дирекцијата за заштита и спасу

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryia4837bn9l2l95uQ2Y2

Граната од 45 килограми пронајдена во Вардар кај Неготино, ДЗС безбедно ја отстрани

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно отстрани неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, која потекнува од Првата светска војна. Опасното убојно средство било пронајдено во атарот на селото Пепелиште, во Општина Неготино.Од ДЗС информираат дека интервенцијата била особено сложена поради непристапниот терен и фактот што гранатата се наоѓала во коритото на реката Вардар.Со поддршка од Територијалната противпожарна единица од Неготино, која обезбедила

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Трошоците за живот за една година пораснале за 3,4 отсто

Трошоците за живот во јуни годинава се зголемиле за 3,4 проценти во споредба со истиот месец лани, додека цените на мало бележат годишен раст од 3,6 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).Според извештајот, месечната инфлација во јуни, мерена преку индексот на трошоците на животот, изнесува 0,5 проценти во однос на мај.На годишно ниво, најголем раст на цените е регистриран кај алкохолните пијалаци и тутунот, кои се поскапи за 9,3 проценти. Следува секторот

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања