Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Силен мирис на запалено во Гостивар, Ангелов: Не гори Русино, ниту дивата депонија во Чегране

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn
Илустрација

Во Гостивар од ноќеска се чувствува силен мирис на запалено, по што „Скопје1“ побара информација од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, дали има пожар или согорување на отпад на депонијата Русино и дали постои ризик за граѓаните.

— реклама —

Ангелов одговори дека изминативе денови немало пожар ниту на депонијата Русино, ниту на дивата депонија во селото Чегране.

„Изминативе денови не горело на депонијата Русино, ниту на дивата депонија во с. Чегране“, изјави Ангелов.

— реклама —

Тој посочи дека на 18 август горела дива депонија во селото Неготино.

— реклама —

Според неговите информации, Територијалната противпожарна единица интервенирала со едно возило и двајца пожарникари. Гаснењето почнало во 15:30 часот, а било завршено околу 16 часот.

Од одговорот на ДЗС засега не може да се утврди од што потекнува мирисот на запалено што се чувствува во Гостивар, ниту дали има друго активно жариште во поширокиот регион.

Ангелов најави дека напладне ќе бидат соопштени повеќе детали за најкритичните пожари во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања