Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за борба со летните пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqq8t1m2f2iu42o6ePNx

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија денеска се построија на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

— реклама —

Со постројувањето беше утврден бројот на доброволци кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на ДЗС.

— реклама —

Пред присутните се обрати директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и командант на Силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој ги презентираше плановите и очекувањата за претстојната противпожарна сезона.

— реклама —

На доброволните пожарникари им беше претставена и новата внатрешна организација и хиерархија, со цел да се обезбеди поефикасна координација, командување и нивно вклучување во системот за гаснење пожари.

По постројувањето беше одржан и работен состанок на отворено, на кој доброволните пожарникари разменија искуства, мислења и предлози за подобрување на функционирањето на системот за заштита и спасување во текот на летната противпожарна сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 1 седмица

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања