Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сакаш да градиш? Плати 500 евра: Раководител во ДЗС падна во полициска акција, фатен е со бележани банкноти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Македонија
media-library62b07q8e1ssd4SndMqP
Илустрација / Скопје1

Раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување е лишен од слобода под сомнение дека примил поткуп од 500 евра за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект, дознава неофицијално „Скопје1“.

Според информациите до кои дојдовме, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност спровеле акција во која раководното лице било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти.

— реклама —

Парите, според првичните сознанија, биле побарани како противуслуга за издавање позитивно мислење во постапка поврзана со изградба на објект.

— реклама —

Но, сомнежите не завршуваат со овие 500 евра.

Според неофицијалните информации, се испитува дали станува збор за поширока практика во која раководното лице барало и примало пари за издавање позитивни мислења и одобренија поврзани со изградба на станбени и деловни објекти.

— реклама —

Ова отвора прашање дали конкретниот случај е изолиран или станува збор за повторувано коруптивно постапување при издавањето документација неопходна за градежни проекти.

— реклама —

Засега нема официјална потврда за идентитетот на приведениот, ниту информации дали истрагата опфаќа и други лица.

Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за полициската акција и понатамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4emt72ltu63r1JzkTMW

Пронајдени две артилериски гранати од Првата светска војна кај Новаци

Македонија | пред 58 минути

— реклама —
media-libraryp4860na62gjpa3y1CG7

Отстранети и уништени 2.262 неексплодирани гранати и бомби од Првата светска војна кај Битола

Македонија | пред 1 ден

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 2 седмици

media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања