Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Отстранети и уништени 2.262 неексплодирани гранати и бомби од Првата светска војна кај Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Македонија
media-libraryp4860na62gjpa3y1CG7

Заврши акцијата за откупување, безбедно отстранување и уништување на 2.262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од Првата светска војна, пронајдени во близина на последните куќи кај Тумбе Кафе во Битола, на околу 200 метри воздушна линија од населените објекти.

— реклама —

Како што информира Ангелов, пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување во изминатите денови ја завршиле акцијата, при што биле отстранети вкупно 2.262 убојни средства со приближна тежина од 1.100 килограми.

Секоја од гранатите и бомбите содржела околу 60 грама експлозив, што значи дека вкупната количина на експлозив во пронајдените средства изнесувала околу 135 килограми.

— реклама —

Ангелов упати благодарност до пиротехничарите на Дирекцијата, меѓу кои и Ѓорѓи Стефанов, како и до тројцата поранешни припадници на Министерството за внатрешни работи – Тони Тошевски и Зоран Смилевски, поранешни припадници на единицата „Тигри“, и Пеце Кокаровски, поранешен припадник на Одделот за антитероризам.

— реклама —

Тој ги повика граѓаните веднаш да пријават на бројот 112 доколку забележат или имаат информации за неексплодирани убојни средства, без разлика дали станува збор за рачни бомби, гранати, минофрлачки или артилериски гранати, како и авионски бомби.

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување ќе излезат на терен и ќе ги отстранат на безбеден начин.

— реклама —

„За мене безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место. Сејфти фрст“, порача Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 3 седмици

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 1 месец

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања