Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вработен во ДЗС примил 500 евра поткуп за градежна согласност, обвинителството бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarymjlcpmhcijq5aJ0SHlc

Вработениот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој беше фатен со 500 евра во полициска акција, доби кривична пријава за примање поткуп, а Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка и побара притвор за него.

— реклама —

Според информациите од МВР, Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против Љ. Н. (63) од Скопје. Тој бил овластен да потпишува, дава мислења и издава согласности за урбанистички планови и проекти, како и елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

— реклама —

На 12 ноември 2026 година, едно лице дошло во просториите на ДЗС за да се информира за статусот на предметот поднесен во Општина Центар. Тогаш, според МВР, пријавениот побарал 500 евра за да го потпише документот и покрај недостатоците.

Двајцата повторно се сретнале на 17 ноември, кога лицето му ги предало парите. Веднаш потоа полициските службеници го запреле осомничениот. Тој се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода, а полицијата го пронашла и одзела ковертот со парите.

— реклама —

Обвинителството го товари за кривичното дело „Примање поткуп“. Според обвинителските наоди, осомничениот побарал и примил 32.000 денари за да издаде согласност за елаборат што не ги исполнувал условите за градба во делот на заштитата од пожари, експлозии и опасни материи.

— реклама —

Јавниот обвинител побарал притвор, оценувајќи дека постои опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymjlcpmhcijq5aJ0SHlc

Ангелов потврди: Вработен во ДЗС побарал 500 евра за позитивно мислење за градба

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library62b07q8e1ssd4SndMqP

Сакаш да градиш? Плати 500 евра: Раководител во ДЗС падна во полициска акција, фатен е со бележани банкноти

Македонија | пред 1 ден

media-library4emt72ltu63r1JzkTMW

Пронајдени две артилериски гранати од Првата светска војна кај Новаци

Македонија | пред 1 ден

media-libraryp4860na62gjpa3y1CG7

Отстранети и уништени 2.262 неексплодирани гранати и бомби од Првата светска војна кај Битола

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања