Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Граната од 45 килограми пронајдена во Вардар кај Неготино, ДЗС безбедно ја отстрани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryia4837bn9l2l95uQ2Y2

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно отстрани неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, која потекнува од Првата светска војна. Опасното убојно средство било пронајдено во атарот на селото Пепелиште, во Општина Неготино.

— реклама —

Од ДЗС информираат дека интервенцијата била особено сложена поради непристапниот терен и фактот што гранатата се наоѓала во коритото на реката Вардар.

— реклама —

Со поддршка од Територијалната противпожарна единица од Неготино, која обезбедила чамец за пристап до локацијата, пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов безбедно ја извлекол гранатата. Потоа, таа била транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на армискиот полигон „Криволак“.

— реклама —

Од Дирекцијата упатија благодарност до ТППЕ Неготино за професионалната соработка и навремената помош при реализацијата на интервенцијата.

Воедно, ДЗС апелира до граѓаните доколку забележат сомнителни експлозивни средства да не ги допираат и не ги поместуваат, туку веднаш да го пријават случајот на бесплатниот број за итни повици 112.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 1 седмица

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања