Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трошоците за живот за една година пораснале за 3,4 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryk6quetih0ajie91knYD
Photo by Tara Clark on Unsplash

Трошоците за живот во јуни годинава се зголемиле за 3,4 проценти во споредба со истиот месец лани, додека цените на мало бележат годишен раст од 3,6 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според извештајот, месечната инфлација во јуни, мерена преку индексот на трошоците на животот, изнесува 0,5 проценти во однос на мај.

— реклама —

На годишно ниво, најголем раст на цените е регистриран кај алкохолните пијалаци и тутунот, кои се поскапи за 9,3 проценти. Следува секторот транспорт со пораст од 6,2 проценти.

Храната и безалкохолните пијалаци за една година поскапеа за 2,5 проценти, а исто толку раст е забележан и кај домувањето, водоснабдувањето, електричната енергија, комуникациите и информациите.

— реклама —

Цените за покуќнина, опрема и одржување на домаќинствата се зголемиле за 4,2 проценти, услугите во образованието за 4,6 проценти, а рестораните и сместувањето за 4,9 проценти.

— реклама —

На месечно ниво, најголем раст е забележан кај рекреацијата, спортот и културата – 1,4 проценти.

Во однос на мај, поевтинување има кај храната и безалкохолните пијалаци за 1,1 процент и кај транспортот за 1,6 проценти.

ДЗС објави и дека индексот на цените на мало во јуни е намален за 0,8 проценти во споредба со претходниот месец, додека на годишно ниво е повисок за 3,6 проценти.

Најголемо месечно намалување на цените е забележано кај земјоделските производи, кои поевтинија за 6,2 проценти, додека прехранбените производи се поевтинија за 1,5 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 1 седмица

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања