Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интензивно трагаат по исчезнато лице за кое постојат индиции дека било видено во близина на реката Вардар, на подрачјето на Гостивар. Потрагата се спроведува по официјално барање на Полициската станица Гостивар.

— реклама —

На терен е и заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу, кој заедно со екипите учествува во активностите за пронаоѓање на лицето.

— реклама —

Во акцијата се вклучени припадници на Тимот за брз одговор за спасување на води при ДЗС, со логистичка поддршка од Подрачното одделение во Гостивар. Екипите работат во координација со полициските службеници од ОВР Гостивар и локалните служби.

Пребарувањето се одвива долж текот на Вардар, од критичните точки во градот до подрачјата низводно. И покрај условите на теренот и специфичностите на речното корито, тимовите ќе останат ангажирани до завршувањето на операцијата.

— реклама —

Од ДЗС упатуваат апел до жителите на Гостивар и околните населени места, доколку имаат какви било информации за исчезнатото лице или забележат нешто долж речното корито, веднаш да ги известат полицијата или надлежните служби за заштита и спасување. Информациите може да се пријават и на бројот 112 во Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Од ДЗС најавуваат дека јавноста дополнително ќе биде информирана за новите моменти во потрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 1 месец

media-library0ddq78q2c5ff00UXlCi

Ангелов: Пожарникари биле нападнати додека гаснеле пожар кај Прилеп, сопственикот ги туркал и ги спречувал

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања