Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Над 70 илјади компании во Македонија оствариле промет од 2,2 билиони денари во текот на една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Македонските компании во текот на 2025 година оствариле вкупен промет од 2.226.478 милиони денари, а нивната бруто-додадена вредност изнесувала 522.087 милиони денари. Станува збор за вкупно 70.843 пазарно ориентирани деловни субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

— реклама —

Најголем удел во вкупниот промет има трговијата на големо и мало, со 38,7 отсто, додека преработувачката индустрија учествува со 24,5 отсто. Овие два сектора заедно оствариле повеќе од 63 проценти од прометот на деловните субјекти.

— реклама —

Кај бруто-додадената вредност, преработувачката индустрија е на водечката позиција со 26,2 отсто, пред трговијата на големо и мало, која учествува со 20 проценти.

— реклама —

Меѓу позначајните сектори е и градежништвото, со удел од 10 отсто во вкупната додадена вредност, додека телекомуникациите, компјутерското програмирање, консултантските и другите информатички дејности придонесуваат со 9,2 проценти.

Статистичките показатели потврдуваат дека трговијата и преработувачката индустрија имаат доминантна улога во економската активност на деловните субјекти во Македонија, при што преработувачкиот сектор создава најголем дел од додадената вредност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Кој ќе го преземе санкционираниот „Лукоил“? Американските „Ексон“, „Шеврон“ и „Карлајл“ влегоа во трката

Свет | пред 11 месец

— реклама —
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Јавно ќе ги објавиме имињата на компаниите кои имаат многу високи цени, ама прво да донесеме закон за тоа, вели Бектеши

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања