Комисијата на Центарот за управуање со кризи работи на расветлување на случајот со извлекувањето од кратовско Емирица и укажа на слабостите на целиот систем. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вината ќе ја бара кај сите други ама не и кај самиот себе. Не чувствува одговорност за случајот со 63 годишниот Златко Божинов од Емирица во кој системот затаи.
„Ги бараме пропустите и бараме одговорност со цел да го отстраниме и да не се повторуваат во иднина, изјави претседателот на Центарот за управување со кризи“, Стојанче Ангелов.
Доколу се утврди вина кај некој од учесниците во целата постапка, Ангелов најави, покренување на дисциплинска постапка.
– Од Комисијата е констатирано дека од оперативецот во Кратово не е побарано хеликоптер и не е известена Дирекцијата за заштита и спасување. Тоа е кршење на стандардните оперативни процедури и за истото ќе биде покрената дисциплинска постапка, изјави Ангелов.
За целосно расветлување на настанот, Ангелов рече дека одговорноста ќе ја бара и треба да се слушнат сите страни, за што веќе поднеле официјални барања до Министерството за здравство, МВР и Министерството за локална самоуправа.
Комисијата констатирала дека од оперативецот во Кратово не било побарано хеликоптер и не била известена Дирекцијата за заштита и спасување.
„Тоа е кршење на стандардните оперативни процедури и за тоа ќе биде поведена дисциплинска постапка“, изјави Ангелов.
Најави дека ќе бара одговорнсот и дека во случајот треба да се слушнат сите страни за што веќе поднеле официјални барања до Министерството за здравство, МВР и до Министерството за локална самоуправа.
Ангелов истакна дека од Министерството за здравство побарале да одговори што предвидуваат нивните протоколи во ваква или слична ситуација и дали членовите на лекарската екипа од брзата помош имале комуникација со ЦУК и што им било одговорено.
Од Министерството за локална самоуправа, според него, ќе бараат одговор зошто од институциите од локална власт не било испратено теренско возило и дополнителни сили за помош, како и зошто градоначалникот нe побарал ангажман на републичките сили за заштита и спасување и не се ангажирани силите и ресурсите на Територијалната противпожарна единица во Кратово.
Од МВР, рече Ангелов, бараме одговор зошто од полициските службеници не било обезбедено теренско возило и не бил побаран хеликоптер, како и детален извештај од разговорот на лекарската екипа и полициските службеници.
Оставка во оваа фаза според Ангелов, е еден вид дезертерство и затоа останува на функцијата, со цел целосна реформа на системот за управување со кризи.
– Директор сум четири месеци. Средувањето на состојбата во ЦУК и целиот систем ќе биде долготраен и сложен процес, за кој треба уште време. Не сум дезертер и не се повлекувам од борба. Останувам посветено да го завршам она, поради кое дојдов овде – целосна реформа на системот за управување со кризи, рече Ангелов.
Претседателот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов најави дека во моментов се работи на воспоставување и имплементација на повикувачки европски број за помош 112. Ангелов посочи дека на овој број граѓаните ќе ја добијат помошта што им е потребна во моментот, односно пријава на физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош.
– Помошта што граѓаните денес ја бараат на броевите 192, 193 и 194 ќе биде концентрирана во еден број, тоа е бројот 112 како што е во цела Европска Унија. Од страна на Унијата донирани се околу еден милион евра за набавка на средства и опрема и обука на лицата кои ќе работат на овој број, изјави Ангелов.
фото: Архива