„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ангелов во работна посета на дел од воздушните капацитети на државата за справување со кризи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
6-CUK-POSETA-OBUKA-PILOTI

За зајакнување на превенцијата против пожари и други катастрофи, а и за справување со истите, Центарот за управување со кризи (ЦУК), како и во поглед на спасување загрозени лица, презема низа активности за запознавање на постоечките воздухопловни капацитети во државата. Тоа, во случај на криза, се користи во рамките за воздушно извидување, справување со пожари, пребарување и спасување на загрозени лица, транспорт на повреден лица, како и транспорт и на сили за справување со кризи на тешко пристапни места во Системот за управување со кризи (СУК).

— реклама —

Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Ценатарот за управување со кризи (ЦУК) реализираше работна посета на Центарот за обука на пилоти, сместен на воениот дел на скопскиот аеродром, Непосредното запознавање со Центарот за обука е во рамки на настојувањата и активностите на ЦУК да се искористат капацитетите од воздухопловството што се имаат во државата за стратешко интегрирање во СУК. Конкретно, тоа интегрирање во СУК е и во правец на согледување можности и на обука на пилоти што потоа би се искористило и во поддршка на потреби при детектирање и управувањето со кризни ситуции. Тоа е секако и во правец за согледување на можностите да се координираат и да се селектираат капацитетите и во поглед за воздухопловните дејства потребни во кризни ситуации, согласно и според расположивите ресурси и во луѓе, во техника и во нивна оперативна подготвенот, достапност и разместеност.

Инаку, Центарот за обука на пилоти е Сквадрон за обука и тренажа во Воздухопловниот ВИНГ (Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група) во структурата на Армијата на Република Северна Македонија како составен дел и од Министерството за одбрана. Центарот беше отворен во 2011 година по договор на Министерството за одбрана и израелската компанија „Елбит“, која до неодамна управуваше со Центарот. По истекот на осумте години, според договорот, Центарот помина во владение на Министерството за одбрана, заедно со целокупната опрема и техника - неколкуте хеликоптери, но и софистицирани симулатори на хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24, летала со какви што располага АРМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања