„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ангелов за „Диво Насеље“: Дадени се околу 2 милиони евра на криминална група да ја нападнат македонската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stojance

Стојанче Ангелов во вечерашното гостување на централниот Дневник на 1ТВ за настаните од кумановско „Диво насеље“ рече дека со одземањето на големо количество оружје од караулата кај Гошинце започнуваат сомнежите дека се спрема реализација на монструозниот план кој резултираше со човечки жртви и нагласи дека сето тоа било со цел да се одвлече вниманието од бомбите.

— реклама —

-Некој во Македонија направи монструозен план. Затоа што од два независни извори добив информација дека се дадени околу 2 милиони евра на криминална група која под плаштот на тој албански патриотизам наводно за борба за албански права во Македонија да ја нападнат македонската полиција и војска, за да се одвлече вниманието од бомбите. Се додека не се најдат инспираторите и да се докаже вистината, оваа верзија која ја најавив пред да се случи масакрот останува на сила. Интересно е што по моето најавување на ваков можен настан, десетина дена подоцна се случи нападот на караулата во Гошинце и беше одземено големо количество на оружје. Кај мене првиот сомнеж го пробуди објавата на Непрес дека Заев, Ангелов и исламски радикали спремаат крваво сценарио во Македонија. Потоа стигнаа овие информации до мене и го запалија зеленото светло, за жал тогашните служби не ме повикаа да ме прашаат од каде е мојата ифнормација. Ако политичкиот врв и врвот на МВР не сакаа да дознаат од каде ми е информацијата, ќе укажев дека се работи за сериозна информација. Од друга страна тие требаше да бидат алармирани дека нешто се подготвува поради нападот во Гошинце. Имаше повеќе од стотина автоматски пушки. Се додека не се докаже спротивното, тоа оружје е донесено таму за да биде земено од вооружената група, рече Ангелов, кој додаде дека не располага со информации за тоа дали има новитети во врска со истрагата или пак дали се води тајна истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања