Промени тема
Контакт

Ангелов за пожарот кај Градско: „Некој намерно го пали ова место“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library8925t5eicnm70Q1wqQ5

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вечерва изјави дека пожарот во планинскиот дел над селото Ногаевци, во Општина Градско, е тежок шумски пожар, кој делумно се движи низ борова шума.

Ангелов соопшти дека поради обидот да се намали пожарот биле пренасочени два авиони „Ер трактор“, кои дејствувале на теренот. Во гаснењето учествуваат и пожарникари од Велес, како и тимови на Дирекцијата за заштита и спасување со „пинсгауери“.

— реклама —

Тој им се заблагодари на пилотите на „Ер тракторите“, велешките пожарникари и тимовите на ДЗС за нивната интервенција.

Ангелов во изјавата посочи дека пред да пристигне на местото, разговарал со неколку жители на Ногаевци, кои му кажале дека во изминатите неколку дена пожарот наводно бил предизвикуван во неколку наврати.

— реклама —

„Некој свесно, намерно го пали ова место, само од нему познати мотиви, но повеќе од сигурно мотивите се криминални, односно користољубие“, рече Ангелов.

— реклама —

Тој додаде дека со предизвикувањето на пожарите, освен природата, се загрозуваат и животите на пожарникарите, огнените тимови и жителите на околните села.

Според Ангелов, МВР работи на откривање на сторителите, а во текот на летото повеќе лица, осомничени за предизвикување пожари, се соочиле со кривични пријави.

„Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат сомнително однесување, истото да го пријават“, порача Ангелов.

media-libraryi7euruiefaci1lVfymN

(Видео) Голем пожар во близина на Градско

Голем пожар избувна во близина на Градско, при што над областа се издига густ чад кој се забележува оддалеку.Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината поради која избувнал пожарот. Дополнителни детали за состојбата и евентуалната материјална штета се очекуваат во текот на денот.

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања