Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пожар од отпушок од цигара на Ортопедија во „8 Септември“, направена евакуација – директорот: Ништо сериозно, нема никаков ризик ни за пациенти ни за персонал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Скопје
media-library0v34h1vtsoan8OGbb7Q

Пожар избувнал на Одделот за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, по што веднаш била извршена евакуација. На местото била повикана и противпожарната служба, а од прозорците на болницата излегувал чад.

— реклама —

Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, за „Скопје1“ потврди дека ситуацијата е предизвикана од човечки фактор, односно од отпушок од цигара. Според него, нема опасност за пациентите и медицинскиот персонал.

„Ништо сериозно, направена е евакуација веднаш. Од неодговорен човечки фактор (отпушок од цигара) е предизвикана оваа ситуација. Утврдуваме фактичка состојба во моментов, но нема никаков ризик ниту за пациентите ниту за персоналот“, вели директорот Стојаноски.

— реклама —

Засега не се соопштени детали за евентуална материјална штета ниту за точната локација на која избувнал пожарот во рамките на одделот.

— реклама —

Надлежните ја утврдуваат фактичката состојба и околностите под кои отпушокот од цигара го предизвикал пожарот.

Пожарот е изгаснат, болницата продолжува со нормално функционирање.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybto7l0193rg17xRLDW5

(Видео) МВР со детали за опожарениот автомобил во трговскиот во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryj3ec39p3d9o2ajaZcay

(Видео) Ужасни снимки од пожарот во Жданец: Пламенот се гледал од повеќе делови на Скопје

Скопје | пред 4 дена

policiska-lenta

Трагедија во Жданец: Пронајдено тело на маж во целосно изгорена барака

Скопје | пред 4 дена

media-library7pefqp19h2oibxyVVul

(Видео) Возач на автобус со противпожарен апарат гасел запалени контејнери во Скопје

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања