Промени тема
Контакт

Ангелов за пожарот кај „Јасен“: „Сите три ‘Ер трактори’ се вклучени во гаснењето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1mq6hjo5v610bESUtMm

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информира дека сите три авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата дејствуваат врз пожарот кој од страната на Македонски Брод навлегува кон ловиштето „Јасен“.

Ангелов посочи дека воздушната поддршка им помага на екипите на ловиштето „Јасен“ кои се обидуваат да го запрат огнот.

— реклама —

„Засега огнот не е толку низок, но доколку навлезе во боровата шума, може да ни се повтори она што ни се случи“, рече Ангелов.

— реклама —

Тој информираше дека активен е и пожарот на границата меѓу општините Струга и Дебар, во атарот на селото Селце. На терен дејствуваат локалните пожарникари од Струга, а дополнителни екипи ќе бидат испратени рано наутро бидејќи пожарот сè уште не е ставен под целосна контрола.

Според Ангелов, во попладневните часови биле регистрирани повеќе од 20 нови активни пожари, што претставува дополнителен ангажман за пожарникарите и останатите екипи.

— реклама —

Тој изрази оптимизам дека пожарот овојпат нема да навлезе во ловиштето „Јасен“, бидејќи, како што рече, на огнената линија се дејствува со сите расположливи сили.

Ангелов повторно предупреди дека следуваат уште неколку тешки денови и апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни.

„Затоа внимавајте! Доволна е само искра за вистинска катастрофа“, порача Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања