Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
D8E_8013

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите.

Функционалната и институционалната независност се неопходни барања на секоја централна банка во ЕУ. Овие принципи што се опфатени во законот треба да се применуваат целосно во земјата.

— реклама —

Ова се дел од заклучоците од првата работна средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.

— реклама —

На средбата се разговараше и за предизвиците за економијата по избувнувањето на ковид-кризата, при што беше посочено на важноста на поддршката добиена од ЕУ, вклучително и преку макрофинансиската поддршка добиена од ЕУ неодамна. Како што беше истакнато, за овозможувањето поддршка од ЕУ се клучни и позитивните оцени за работењето на Народната банка и за нејзината поставеност во текот на ковид-кризата. Според оцените на ЕУ, во текот на актуелната глобална криза, Народната банка покажа дека е подготвена за максимално користење на монетарните инструменти коишто се клучни за одржување на макрофинансиска стабилност, којашто е неопходна за побрзо заздравување на економијата во посткризниот период. Како што е истакнато и во извештајот на ЕК, Народната банка реагира брзо, со целни мерки за поддршка на економијата, како преку инструментите на монетарната политика, така и со промените во регулаторната рамка.

— реклама —

Соговорниците напоменаа дека е исклучително важна и поддршката што Народната банка ја доби од Европската централна банка (ЕЦБ), преку пристапот до девизна ликвидност во евра, овозможен за првпат, којшто може да се користи доколку е потребно, што е дополнителна потврда за подготвеноста на Народната банка за успешно одржување на макрофинансиската стабилност. Со пристапот до девизна ликвидност обезбедена од ЕЦБ, Народната банка доби уште поголем простор за брзо и ефикасно дејствување во случај на остварување негативни ризици поврзани со ковид-кризата, што како што беше кажано на средбата, може да биде особено важно за јакнењето на финансиската стабилност на земјата.

На средбата се разговараше и за проектните активности коишто ги спроведува Народната банка со поддршка од ЕУ, меѓу коишто особено се издвојува твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“. Гувернерката и амбасадорот на ЕУ искажаа заемно задоволство за спроведувањето на проектот. Досегашните остварувања овозможуваат простор и за натамошни проекти преку коишто ЕУ ќе ги поддржува определбите на Народната банка за постојано следење на најновите и највисоки европски стандарди и регулативи.

Во завршницата на средбата, гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за поддршката којашто Народната банка постојано ја добива од ЕУ и за успешната соработка со Делегацијата на ЕУ. Амбасадорот Гир истакна дека таквата соработка продолжува и дека во натамошниот период може да се одвива и преку низа нови заеднички активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања