Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Анкета: Повеќето словенечки туристи летово ќе одат во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
hrvatska

Хрватска и ова лето останува најпопуларна туристичка дестинација за граѓаните на Словенија, покажува анкета на институтот „Медиана“, пренесе словенечката агенција СТА.

Според резултатите од истражувањето, повеќе од половина од испитаниците планираат летниот одмор да го поминат во Хрватска, иако интересот бележи благ пад во споредба со минатата година.

Анкетата покажува и дека оваа година повеќе Словенци ќе патуваат на одмор. Лани 29 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да патуваат, додека годинава тој процент се намалил на 23.

— реклама —

Се забележува и тренд на подолги летувања. Процентот на туристи кои планираат повеќе од 10 ноќевања пораснал од 25 на 29 проценти, додека значително се намалил бројот на оние кои избираат кратки одмори од само неколку дена.

— реклама —

Покрај Хрватска, дел од словенечките туристи ќе летуваат и во Словенија, Грција, Италија, Албанија, Шпанија и Турција.

Најголем дел од туристите, односно 41 процент, ќе престојуваат во приватни апартмани и соби, додека 28 проценти ќе изберат хотели. Интересот за кампување е значително намален во споредба со минатата година.

— реклама —

Истражувањето било спроведено од 21 до 23 април преку интернет анкета на репрезентативен примерок од 500 полнолетни жители на Словенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја потресе Хрватска

Балкан | пред 3 часа

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Експлозија во куќа во Пула: Жена тешко повредена, пренесена со хеликоптер

Балкан | пред 3 дена

brza-pomos-hrvatska

Не ја прилагодил брзината, излетал од патот и загинал 24-годишен мотоциклист на лице место во Хрватска

Балкан | пред 3 дена

Hrvatska-policija-620x350

Пронајдено безживотно тело на 44-годишен маж покрај река во Хрватска

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања