Анкета за Кисела Вода: Предност за Темелковски, неопределените клучни за победа во општината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-10-09-at-10.58.14

Во предизборието, десетици анкети проциркулираа во јавноста за тоа кој ќе ја добие битката на локалните избори за водење на општините наредните четири години. Таква анкета е направена и за Кисела Вода, на како што пишува, репрезентативен примерок од 1400 испитаници. За 2,6 проценти повеќе предност во општината има СДСМ и кандидатот Филип Темелковски, кој беше градоначалник во изминативе четири години.

— реклама —

— реклама —

„Најголем број на граѓаните очекуваат идниот градоначалник да е одличен познавач на проблемите на општината, да одговорна личност, да е докажан менаџер и да нуди квалитетна програма. Најголем број од граѓаните го познаваат сегашниот градоначалник. Кога биле запрашани да споменат некое име од постојните кандидати најголем број од граѓаните го спомнуваат името на моменталниот градоначалник Филип Темелковски. На прашањето за кој од актуелните кандидати за градоначалник би гласале видлива е наклоност кон сегашниот градоначалник Темелковски за кого предност даваат 35,1% од граѓаните споредбено со 32,5% за Ѓорѓиевски“, стои во неа.

— реклама —

Во истата се коментира дека резултатите на анкетата кореспонтираат со анкета направена пред четири години кога Темелковски беше избран за градоначалник.

„Во 2017 поддршката за Филип Темелковски беше 29,3% а за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Јохан Тарчуловски 27,8%. Како и тогаш конечната одлука ќе ја донесат гласачите кои сеуште не се определиле за кого ќе ја дадат својата доверба од 13,7%“, стои во неа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања