Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Анкетата на Брима потврди дека СДСМ е убедлив фаворит, сметаат од владејачката партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Forum-na-Zeni-na-SDSM-4

„Анкетата на Брима потврди, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори, претседателот Заев со најголема доверба од граѓаните Граѓаните во континуитет ги препознаваат успешните мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Тоа го потврдуваат бројни релевантни испитувања на јавното мислење. Последното во низата е испитувањето на „Брима“ каде СДСМ има стабилно и солидно водство пред ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички субјекти. На прашањето „доколку денеска се одржат парламентарни избори за која политичка партија или коалиција би гласале?“ 19,5 отсто од испитаниците се изјасниле за СДСМ, а 17,5 за ВМРО-ДПМНЕ“, сметаат од СДСМ.

„Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и понатаму е политичар со најголема доверба од граѓаните од 11,8 отсто, додека Христијан Мицкоски има само седум отсто.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ за прв пат има најслаб резултат на овие анкети откако Брима го прави својот политички Барометар.

— реклама —

Ова е силна потврда дека граѓаните се против деструкциите, лажните вести и блокадите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Додека СДСМ се бори за правда, да нема недопирливи пред законите, ВМРО-ДПМНЕ брани криминалци, додека СДСМ креира и реализира економски мерки за помош, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира истите.

Граѓаните не сакаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во времето на режимот, граѓаните сакаат да продолжи развојот и напредокот на општините и државата со СДСМ.

На овие локални избори граѓаните ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, концепт на нови инвестиции за локален развој.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и нивниот концепт на лажни вести и дезинформации одново ќе бидат поразени“, додаваат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања