Промени тема
Контакт

Антикорупционерите им вратија на ВМРО-ДПМНЕ: Немате аргументи!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
antikorupciska

По повод обвинувањата изнесени во јавноста од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ за неработење и непостапување на Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната комисија смета за потребно да укаже на следното:

„Силен интегритет на институциите е императив за сите развиени демократски општества. Тргнувајќи од тоа Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интересите, апелира да не се користат неосновани напади кон оваа институција која работи во интерес на сите граѓани, заради што е и основана од Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

Комисијата работи транспарентно и ажурно согласно своите законски надлежности, за што е информирана целокупната јавност. Резултатите од работењето на Комисијата се јавно достапни, но истовремено сведочат за сериозен напредок во борбата против корупцијата и судирот на интересите.

— реклама —

Наместо неаргументирани напади со краткотраен ефект, ги повикуваме сите граѓани, институции, политички партии, организации и слично да ги пријават сите предмети за кои имаат сомневање за сторена корупција и судир на интереси. Покрај тоа, за да имаме поголем напредок како општество, повикуваме на заеднички заложби за поефикасно и поажурно процесирање на предметите кои ДКСК ги поднесува до надлежните институции кои имаат ингеренции за понатамошно постапување.

— реклама —

За Државната комисија за спречување на корупцијата е од големо значење поддршката од сите поддржувачи на борбата против корупцијата и судирот на интересите, бидејќи само со заеднички напори можеме да создадеме поправедно општество“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања