Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Антикорупционерите јавно ги прозваа функционерите: Пријавете си го имотот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.15.26

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја известува јавноста дека почнувајќи од 01.01.2024 година, е ставен во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.

— реклама —

„Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.

— реклама —

Исто така, ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави на новиот образец . Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска.

— реклама —

Напоменуваме дека поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси по избор односно именување на функцијата преку новиот електронски систем е неопходно од причина што без поднесување на изјавата не може да се пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да се поднесе изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата“, велат од ДКСК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

432224-720x340-1

Антикорупционерите со постапки за 234 советници од општините поради непријавен имот

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg3djcn2a71jb3LpltZs

Софија Спасова-Медарска избрана за заменик-претседател на ДКСК

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерка под лупа: Два предмети за Цвета Ристовска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања