Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Антикорупционерите со постапки за 234 советници од општините поради непријавен имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
432224-720x340-1

Државната комисија за спречување на корупцијата донесе едногласна одлука за поведување постапки против 234 советници од 61 општина низ државата кои не поднеле изјави за имотна состојба и интереси во законскиот рок.

Како што образложи претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети не ја доставиле задолжителната изјава, што претставува прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Тој додаде дека во оваа бројка не се вклучени советниците од Општина Куманово, за кои, како што посочи, претходно е утврдено непочитување на обврската и за кои веќе се изречени соодветни прекршочни налози.

Антикорупционерите најавија дека ќе се постапува поединечно за секој предмет, а за оние кои нема да ја платат глобата во рок од осум дена, ќе бидат иницирани прекршочни постапки пред надлежната комисија.

Имињата на сите советници кои го прекршиле законот ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на ДКСК веднаш по започнувањето на процесите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

432224-720x340-1

Антикорупциска комисија: Интегритетот на хартија, слаб во пракса

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
432224-720x340-1

ДКСК ќе го разгледува извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryg3djcn2a71jb3LpltZs

Софија Спасова-Медарска избрана за заменик-претседател на ДКСК

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања